Приведени двајца битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Пелистер

Двајца битолчани биле приведени од страна на полицијата за време на синоќешниот ракометен натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер, што се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се П.Д. (26) и Д.А. (23), зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по …

Continue Reading

(Фото+видео) Нереди во Лос Анџелес по рациите против имигранти, Трамп вели дека ќе ги забрани маските на протестите

Американскиот претседател Доналд Трамп ја забрани употребата на маски на протестите и ја пофали Националната гарда во Лос Анџелес по серијата насилни судири меѓу демонстранти и агенти на службата за имиграција и царинска контрола на САД за време на викендот. Американскиот претседател во објава на социјалната мрежа truth social им се заблагодари на припадниците на Националната гарда. „Одлична работа на …

Continue Reading

(Видео) Индустрискиот регион Дњепропетровск погоден од дронови, артилерија и ракетни фрлачи

Во руските напади извршени во текот на ноќта врз централна Украина загинаа пет лица, а причинета е значителна материјална штета, соопштија регионалните власти во неделата. Индустрискиот регион Дњепропетровск беше нападнат со дронови, артилерија и ракетни системи, при што беа уништени објекти и електрични далекуводи, пренесува „Киев Пост“. „Напаѓачите го гаѓаа Синелниковскиот округ со наведувана воздушна бомба. Еден маж загина“, изјави …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата Сиљановска-Давкова ќе присуствува на приемот во чест на високите гости организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Таа ќе биде дел од церемонијата на отворање на Декадата за криосферски науки, во …

Continue Reading

„Најдете си друг селектор ако не ви се допаѓа играта“

Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикс, пред квалификацискиот дуел со Албанија во Тирана, најавуваше победа на неговата репрезентација, на крајот беше и повеќе од задоволен со освоениот бод. Голманот на Челзи, кој минатата сезона бранеше на позајмица во Стразбур, Ѓорѓе Петровиќ, се претоври во апсолутен херој на Србија, откако на истекот на првиот дел го одбрани пеналот што го изведе Манај. …

Continue Reading

Локални избори во Заечар и Косјериќ

Денеска во Заечар и Косјериќ се одржуваат редовни локални избори, на кои се избираат советници во општинските совети на овие две локални самоуправи. Гласачките места се отворија утрово во 7:00 часот, а се затворија во 20:00 часот. Осум изборни листи учествуваат на изборите во Заечар и три во Косјериќ. Изборниот молк ќе трае до затворањето на гласачките места. Министерот за …

Continue Reading

Италија одржува референдум за државјанство и работнички права, Мелони повика на бојкот

Италијанците денеска и утре гласаат на референдум за ублажување на правилата за државјанство и зајакнување на законите за труд, а владата на Џорџија Мелони се спротивставува на обете промени и ги повикува луѓето да се воздржат. Референдумот има за цел да ги олесни правилата за државјанство, при што возрасните жители кои не се членки на ЕУ ќе можат да аплицираат …

Continue Reading

„Lucky Days“ во НЕПТУН – Попустите се толку големи што ќе купиш сè што ти треба!

Од 09.06.2025, „Lucky Days“ во НЕПТУН носат промени што ќе го трансформираат вашиот дом! Влегувате по еден производ, а излегувате со сшто ви треба – од ефикасен клима-уред до голем телевизор за домашно кино, сите по цени што ќе ве изненадат! Летото е тука, а со него и идеалната можност да го освежите домот со уреди што ќе го направат …

Continue Reading

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, од утре засилен северен ветер, пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните од 26 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец. Минималната …

Continue Reading