Драма во Црна Гора: две жени од Србија извлечени на брегот од силните морски струи и ветер

Две српски државјанки беа спасени денес во водите на Јадранското Море, откако силни морски струи ги одвлекоа далеку од брегот. Како што соопшти Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата во Црна Гора, двете жени од Србија биле однесени од брегот кај Сутоморе од силните морски струи и ветер. Управата изјави дека центарот за поморски операции добил повик за …

Continue Reading

Киву го презеде Интер

Романскиот фудбалски стручњак Кристијан Киву (44) е назначен за нов тренер на Интер од Милано. Киву потпиша договор со тимот од „Џузепе Меаца“ до 30 јуни 2027 година. Тој го наследи Симоне Инзаги на клупата на вицешампионите на Европа и Италија. Инзаги минатата недела поднесе оставка и замина во Ал Хилал. Киву поднесе оставка од тренерската позиција на Парма пред …

Continue Reading

Трамп: Лос Анџелес би бил срамнет со земја без гардата; Шефот на полицијата во Лос Анџелес: Она што го видов беше одвратно

Протестите во Лос Анџелес траат со денови, а прво избувнаа поради рации и депортации на мигранти. Протестите станаа насилни, а американскиот претседател Доналд Трамп ја испрати Националната гарда во градот без согласност на државата, според светските агенции. Трамп повторно се огласи на Truth Social и рече дека одлуката за испраќање на Националната гарда во Лос Анџелес била неопходна и правилна. …

Continue Reading

Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ги посети капиталните проекти во градот. Салата АСНОМ, прочистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу 150 дечиња. „Станува збор за капитални проекти коишто беа навистина потребни и коишто сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево. Филипче оценува дека овие проекти не се …

Continue Reading

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте, пренесуваат медиумите во регионот. Во својот говор, тој предупреди дека „веќе нема Исток или Запад“ со оглед на брзината и моќта на руските ракети. „Да не се лажеме, сите сме на источното крило. Нема Исток или Запад, постои само НАТО. …

Continue Reading

(Видео) Целта исполнета, Македонија постигна гол во Астана

Фудбалската репрезетација на Македонија со победа се враќа од Астана. Македонија го победи Казахстан со 1:0. По четири одиграни натпревари Македонија има осум поени. Вечерва во нашата група во дербиот играат Белгија и Велс.   Без селекторот Благоја Милевски, кој го пропушти мечот поради суспензија, Македонија ја оствари целта во Казахстан. Решавачкиот момент се случи во 30.минута кога Трајковски постигна …

Continue Reading

Иран забранува шетање на кучиња во дваесет градови: „Тие се закана за јавното здравје“

Иранските власти ја проширија забраната за шетање кучиња во бројни градови низ земјата, наведувајќи ги како причини за јавниот ред, безбедноста и здравјето, пишува Би-Би-Си. Откако полициската наредба забрани шетање кучиња во главниот град Техеран во 2019 година, забраната беше воведена во најмалку 18 други градови минатата недела. Исто така, е забрането да се транспортираат кучиња во возила. Властите во …

Continue Reading

Листа на супербогатата елита во светот: само двајца не се од Америка

Според најновите податоци на „Форбс“ од мај 2025 година, дури 15 луѓе во светот имаат лично богатство поголемо од 100 милијарди долари. Ова е најголемиот досега регистриран број на таканаречени „стомилијардери“. Прв на листата е повторно Елон Маск, основачот на Тесла и СпејсИкс, со 342 милијарди долари. На второ место е Марк Закерберг, основачот на Мета, со богатство од 216 …

Continue Reading

Во среда авионско прскање против комарци во Скопје

од Центарот за управување со кризи известуваат дека во Град Скопје во среда ќе се реализира авионско прскање против комарци. „Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 11.06.2025 година (среда), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските …

Continue Reading