Пипо по 34 години ја врати Пиза во Серија А па го напушти клубот
Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, сега тренер, Филипо Инзаги, ја напушта клупата на Пиза еден месец по историската промоција во Серија А, објави клубот во петокот. „Договорот на Инзаги, кој траеше уште две години, беше спогодбено раскинат“, објави тосканскиот клуб. Се очекува 51-годишникот, како што тврдат медиумите ќе го преземе Палермо. Палермо наводно ѝ платил на Пиза речиси милион евра …
Continue Reading
Потпишан договор за стратешко партнерство со Унгарија
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во еднодневна посета на Македонија престојуваше унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто. Посетата беше заокружена со потпишување на Договор за стратешко партнерство помеѓу владите на двете земји. „На средбата, двајцата министри се осврнаа на одличните билатерални односи, изразувајќи заемно задоволство од интензивниот политички дијалог …
Continue Reading
Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство. Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски студии и за докторски студии. …
Continue Reading
На 16 јуни, Регионален форум на заедницата за Југоисточен Регион
На 16 јуни 2025 година (понеделник), во „Де Факто“- Гевгелија, со почеток во 10:00 часот, Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии- Гевгелија организира Регионален форум на заедницата за Југоисточниот Регион, којшто има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда на Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво. Целта на Форумот е да иницира структурирана соработка …
Continue Reading
За четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување
Во салата на кино „Манаки“ во Битола денеска беа презентирани мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година. Пред голем број на граѓани претставниците од министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Агенцијата за вработување ги презентираа мерките од Оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемништво), каде јавните повици се …
Continue Reading
Гонзало Гарсија е новиот тренер на Хајдук
Гонзало Гарсија официјално го презеде Хајдук, потврди клубот. На клупата на третопласираниот тим од неодамна завршената сезона во Хрватска тој го наследи Гатузо. Трансферот на тренерот беше потврден откако сплитскиот клуб постигна договор со Истра 1961, која претходно ја водеше Гарсија. Договорот е потпишан до летото 2028 година, а новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста следната недела, …
Continue Reading
Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност
Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој извести и дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против …
Continue Reading
(Видео) МВР предаде обемна документација за истрагата за Кочани и никој не е поштеден, вели Петрушевски
Пукна балонот на лаги и манипулации на СДС во врска со истрагата за несреќата во Кочани. Сите може да видат дека институциите постапуваат професионално и неселективно, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Потенцираме дека МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до јавното обвинителство уште пред еден месец. Сите преземени акции …
Continue Reading
Апел за претпазливост од предизвикување пожари во летната сезона
Заради претстојната летна сезона и поголемата можност за настанување пожари, ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија апелираат до граѓаните на општините Гевгелија, Богданци и Дојран за преземање мерки за претпазливост. Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Да не се …
Continue Reading