Иранскиот министер за надворешни работи им порача на Израелците: Немојте да се приближувате до воени локации

Министерот за надворешни работи на Иран ги повика Израелците да избегнуваат да бидат во близина на „воени и разузнавачки локации“ додека Иран продолжува да извршува напади. Абас Арагчи напиша на Икс дека иранската војска „прецизно“ елиминирала израелски штаб на команда, контрола и разузнавање и „уште една витална цел“. Тој истакна дека „ударниот бран“ предизвикал „површинска штета“ на блискиот медицински центар …

Continue Reading

„Волстрит журнал“ објави дека американскиот претседател одобрил планови за напад врз Иран; Трамп: Тие немаат поим!

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот во „Волстрит журнал“ дека одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од издавање конечна наредба. „Си-би-ес њуз“ вчера објави слични информации. Трамп се огласи на својата сметка на социјалните мрежи „Трут Соушл“ за накратко да каже: „’Волстрит џурнал’ нема поим какви се моите мисли за Иран!“

Continue Reading

Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид. Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа. „Посветувањето …

Continue Reading

На Табановце за влез во државата се чека околу 40 минути, на Богородица половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Continue Reading

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти самитот на Г7 оваа недела порано од планираното, бидејќи беше лут на францускиот претседател Емануел Макрон и бидејќи не беше заинтересиран да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди „Фајненшл тајмс“. „Фајненшл тајмс“ истакнува дека НАТО го скрати претстојниот самит на лидерите во Хаг на само една работна сесија за да избегне повторување …

Continue Reading

Израелскиот министер за одбрана: Хамнеи не треба да постои

При посетата на местото на ракетниот напад утрово во Холон, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е „модерен Хитлер“ и „не може да продолжи да постои“. Тој рече дека според воените цели на израелската војска (ИДФ), „овој човек дефинитивно не треба да продолжи да постои“. „На диктатор како Хамнеи, кој води …

Continue Reading

Иран: Трамп е глупав

Клучен ирански функционер денес ги предупреди САД дека секоја интервенција во корист на нивниот сојузник Израел ќе биде дочекана со „остра реакција“, објави агенцијата Франс-прес. Советот на чуварите, моќно тело кое го надгледува законодавството на Иран, во соопштението објавено на државната телевизија изјави: „Криминалната американска влада и нејзиниот глупав претседател мора да знаат дека ако направат грешка и преземат каква …

Continue Reading

Америка го предупреди Хезболах: Тоа би била многу, многу, многу лоша одлука

Специјалниот американски пратеник за Сирија, Том Барак, го предупреди Хезболах да не се вклучува во војната меѓу Иран и Израел, објави АФП. Барак, кој е и амбасадор на САД во Турција, е во прва официјална посета на Бејрут, каде што се сретна со високи либански претставници, вклучувајќи го и претседателот на парламентот Набих Бери, сојузник на Хезболах. „Можам да кажам …

Continue Reading