Медведев: ЕУ се претвори во вистински непријател на Русија
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денес изјави дека Европската Унија се претворила во непријател на Русија што претставува директна закана за нејзината безбедност и дека Москва сега е против приклучувањето на Украина кон европскиот блок. Русија остро се спротивставува на членството на Украина во НАТО, што е една од причините што ги наведува за започнување на инвазијата на Украина во …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана. Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот. Потсетувајќи на …
Continue Reading
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест
Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок. Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор. Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.
Continue Reading
Руте: Путин не успеа да го подели Западот, заедно ги зголемуваме инвестициите во одбраната
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал во своите намери да го подели Западот, посочувајќи дека сите членки на Алијансата се обврзале да ги зголемат инвестициите во одбраната за пет проценти од БДП, како и дека Шведска и Финска неодамна се приклучија на НАТО. Тој, сепак, предупреди дека Западот не треба да …
Continue Reading
27 јуни: Вечер на хорска музика
На 27 јуни 2025 година, три хора со членови на различни возрасти ќе имаат претставување во рамки на настанот „Вечер на хорска музика“, а дел од манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Концертот ќе се одржи во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, а влезот за публиката е слободен. Програмата започнува …
Continue Reading
Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа: Имаме одговорност да го направиме регионот побезбеден и постабилен
Директорот на БЈБ денеска во Берат Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ – МВР на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, во рамки на албанското претседателство на асоцијацијата. Заедно со колегите од регионот, Јанев се осврна на предизвиците од илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, сузбивањето на организираниот криминал и јакнење на …
Continue Reading
Славески со претставници на членките на МБА: во фокусот предлозите за намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги
Во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата. На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Во своето обраќање, гувернерот истакна дека целта на иницијативата …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство
Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство“, напиша Давкова на социјалните мрежи. Додаде дека остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко.
Continue Reading
Трамп: Ударот врз Иран беше како нападот на Хирошима
Американскиот претседател Доналд Трамп направи споредба меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето на нуклеарните бомби врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година, тврдејќи дека во двата случаи таквите напади успешно ставиле крај на војната, пренесува CNN. „Не сакам да го користам примерот со Хирошима. Не сакам да го користам примерот со Нагасаки, но тоа во суштина беше иста …
Continue Reading