Тројца лишени од слобода во Гостивар, полицијата пронајде марихуана и дигитална вага
Три лица се лишени од слобода во Гостивар во одделни полициски постапки, при што кај нив и во простории поврзани со едно од лицата била пронајдена марихуана. На 29 август во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Л. (22) од село Видуше и Ѓ.Т. од Гостивар. При преземените мерки и активности, кај А.Л. била пронајдена …
Continue Reading
Густ црн чад се издига над Водно, запален двокатен автобус на ЈСП
Густ црн чад се издига над Водно, откако на видиковецот избувнал пожар во двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека скопските пожарникари се на терен и работат на гаснење на пожарот. Според првичните информации, се очекува огнот набргу да биде ставен под целосна контрола. Засега нема опасност од ширење на огнот …
Continue Reading
Невремето го одложи големиот концерт во Крива Паланка: Лепа Брена, Слаткар и Ацо Пејовиќ вечерва на сцената
Силно невреме вчера ја зафати Крива Паланка, оставајќи последици поради кои организаторите одлучија да го одложат планираниот концерт. Од Општина Крива Паланка информираа дека поради последиците од невремето е потребна целосна проверка на сценската и техничката опрема, како и нејзино безбедно ставање во функција. Поради тоа, концертот наместо вчера ќе се одржи денеска, 30 август, на Градскиот стадион во Крива …
Continue Reading
Хаг потврди: Нема да има обдукција на телото на Ратко Младиќ
Хашкиот Меѓународен резидуален механизам соопшти дека нема да биде извршена обдукција на телото на генералот Ратко Младиќ, кој во четвртокот почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст. Холандските надлежни органи веднаш по неговата смрт ги започнале стандардните процедури предвидени со холандското законодавство. Од Хаг потврдија дека нема да биде покрената кривична истрага, ниту ќе биде извршена обдукција. Сепак, …
Continue Reading
Несекојдневна глетка во Чиле, снег ја покри пустината Атакама
Несекојдневна глетка е забележана во пустината Атакама во Чиле, каде што обилни снежни врнежи покрија делови од еден од најсушните региони во светот. Сателитските снимки објавени од американската вселенска агенција НАСА покажуваат снежна покривка во делови од Атакама, како и на висорамнината Чахнантор во северниот дел на Чиле. На оваа висорамнина се наоѓа и големиот радио-телескопски комплекс АЛМА, чие функционирање …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС го зголеми јавниот долг за 3,69 милијарди евра, сега долгот е намален
Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Економијата расте, јавниот долг се намалува и става во одржлива рамка, а инфлацијата е значително намалена, со што се создаваат услови за поголема економска сигурност и повисок животен стандард за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Бројките јасно покажуваат дека во декември 2017 година јавниот долг изнесувал 4,787 милијарди евра, односно 47,7% од БДП, …
Continue Reading
Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат
Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување за обилни дождови за некои области во префектурата Фукуи, во централниот дел од земјата, а околу 111.000 луѓе во пет општини се повикани да се евакуираат поради поплавите. Околу 244.000 луѓе се предупредени да преземат итни безбедносни мерки поради лизгање на земјиштето и возила заглавени на поплавените патишта. За градовите Фукуи, Оно и …
Continue Reading
Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
По повеќечасовна борба со пламените јазици дебарските пожарникари пред полноќ успеаја да го изгаснат пожарот кој избувна над градот, во атарот на селото Татар Елевци. -Со натчовечки напори успеавме да го изгаснеме големиот пожар што зафати површина под селото Татар Елевци, над самиот град. Убедени сме дека истиот беше подметнат, вели Џетан Мифтароски, командир на Територијална противпожарна единица. Станува збор …
Continue Reading
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната …
Continue Reading