(Видео) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите. „Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе …

Continue Reading

Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон Блаце пуштен само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека целосно пуштена за сообраќај е скопската обиколница. „Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила“, велат од МВР. Претходно, поради пожар затворена беше обиколницата од Радишани до Тетово.

Continue Reading

Зеленски се сретна со папата Лав во Ватикан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со папата Лав XIV и му се заблагодари за напорите на Ватикан да помогне во враќањето на децата земени од Русија. И Зеленски и Лав предложија Ватикан да биде домаќин на мировни преговори за завршување на војната. Зеленски го посети Лав во папската летна резиденција во Кастел Гандолфо, во ридовите Коли Албани јужно од …

Continue Reading

Поради пожар затворен дел од скопската обиколница

Поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово, соопшти МВР. Полицијата информира и дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, а останува во важност забраната за движење на товарните возила.

Continue Reading

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител се врши увид.

Continue Reading

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и животите на граѓаните. Се апелира до сите жители да се вклучат во гаснењето. „Ситуацијата е критична – не е време за чекање или размислување. Апелираме до сите граѓани што се во можност: излезете и помогнете!“ – се вели во пораката …

Continue Reading

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески

Претседателката Гордана Сиљановска-Давковa денеска оствари прва работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на којашто се разговараше за актуелните економски и монетарни состојби во земјата и важноста на стабилна и независна централна банка за долгорочниот економски развој. Претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за монетарната политика, стабилноста на девизниот курс, инфлациските текови и состојбите во банкарскиот систем. Таа ја истакна …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот, а Бугарија е разголена пред Европа, рече премиерот Христијан Мицкоски откако Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија, а во кој не се споменува македонски јазик и идентитет. „Денешниот ден не е ништо поразличен од оние претходно, од неуспешното, но …

Continue Reading

(Видео) Јакимовски: Карпош не се откажува од култната сала „Партизан“, вечерва на протест

По повод неодамнешната одлука на Владата за одземање на спортската сала „Наум Наумовски Борче“, која досега беше во владение на Општина Карпош, денеска пред медиумите со своја реакција излезе градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој остро го осуди овој потег на извршната власт. „На седми јули во понеделникот, во време на годишни одмори во 15:33 часот, ни стигна порака од министерот за …

Continue Reading