Градоначалникот на Москва: Русија собори четири дронови што Киев ги испрати во нашиот град

Руските воздухопловни сили соборија четири украински дронови испратени кон Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Трите московски аеродроми – Домодедово, Внуково и Жуковски накратко ги прекинаа операциите, кои подоцна беа обновени, објави рускиот воздухопловен орган Росавјацја. Властите претходно соопштија дека привремено ги прекинале сите летови до и од аеродромот во градот Калуга, околу 200 км југозападно од Москва. Руското Министерство за …

Continue Reading

Нетанјаху се надева на договор: Сакам да ги извлечам сите заложници, и живите и мртвите

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера изјави дека се надева дека во рок од неколку дена ќе се постигне договор за ослободување на заложниците што ги држи палестинската исламистичка група Хамас. Нетанјаху рече дека Хамас сè уште држи 50 заложници. Од тој број, како што истакна, се верува дека само дваесет се сè уште живи. „Сакам да ги извлечм сите. Сега …

Continue Reading

Трамп: Мислам дека ќе дадам важна изјава за Русија во понеделник

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник, но не изнесе никакви детали. Во последните денови, Трамп ја изрази својата фрустрација од рускиот претседател Владимир Путин поради војната на Русија во Украина. „Мислам дека ќе дадам важна изјава за Русија во понеделник“, изјави Трамп за „Ен-би-си њуз“, одбивајќи да соопшти детали. Два …

Continue Reading

Трамп испраќа оружје во Украина и најавува пресврт

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одобри продолжување на испораките на оружје во Украина, една недела откако Пентагон ги суспендираше некои од испораките поради загриженост за сопствените залихи. Канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потврди дека испораките се продолжени. На почетокот на јули, Министерството за одбрана на САД ги запре испораките на некои противвоздушни ракети и прецизни ракети, додека Украина …

Continue Reading

Зеленски: Најдовме решение за руските дронови

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги информираше западните партнери дека Русија планира да ги засили нападите со дронови. „Русија сака да лансира 1.000 дронови дневно. Но, ние ќе можеме да ги пресретнеме сите. Постојат решенија – дронови-пресретнувачи. Ако нашите партнери прифатат сè што споделив и ако ресурсите се распределат соодветно, ќе можеме да ги пресретнеме“, рече Зеленски на прес-конференција во Рим. …

Continue Reading

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС порака која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добија СМС порака со следната содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите.” Центарот за управување со крици информира дека ова е тест порака со цел да се проверат можностите за праќање вакви масовни пораки, кои …

Continue Reading

Австралиските спасувачи пронајдоа изгубен сурфер на пуст остров

Австралиски сурфер за кој се стравуваше дека е исчезнат на море беше спасен денес откако ја поминал ноќта на ненаселен остров на околу шест милји од брегот, соопштија официјални лица и локалните медиуми. Според CBS News, младиот човек, идентификуван од локалните медиуми како 19-годишниот Дарси Дифхолтс, наводно отишол на сурфање од плажата во Вули, крајбрежен град на околу 300 милји …

Continue Reading

(Видео) Нуклеарна подморница на американската морнарица се закотви во Исланд првпат во историјата

Брзата напаѓачка подморница од класата Лос Анџелес, USS Newport News, вчера се закотви во Рејкјавик, Исланд, што е прв пат подморница на нуклеарен погон да се закотви во пристаништето на островската нација, што доаѓа во време на зголемени тензии во Арктикот и стратешка област каде што често се наоѓаат руски подморници. Исланд почна да дозволува нуклеарни подморници во своите територијални …

Continue Reading

Претседателот на Бразил му се закани на Трамп со реципрочни мерки ако воведе царини

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека е подготвен да воведе реципрочни царини за американската стока ако САД воведат царини за Бразил, пишува Би-Би-Си. Лула така одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави воведување царина од 50% за увоз на бразилски производи од 1 август. Во писмото, Трамп го наведе третманот на Бразил кон поранешниот …

Continue Reading