Срамно и недозволиво е во 21 век, среде лето, болница каде што се лекуваат деца да остане без вода, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување во Скопје. Ништо не остана од комуналната инфраструктура во главниот град, велат од СДСМ. Власта, додаваат од опозициската партија, треба да им објасни на граѓаните за чии интереси го доведе во ваква состојба системот за водоснабдување. „Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не поддржаа ниту една одлука за одржување на водоводниот систем, …

Continue Reading

Мицевски за соработката со Унгарија: Пред нас е договор кој е особенo важен за нашата економија, која ќе добие нова енергија, капитал и технологии

Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Унгарија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Овој договор, како што дополнува, не е обичен акт на меѓународна соработка. „Тој е јасна порака на Република Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога …

Continue Reading

За 23.016.155 денари зголемен Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година

Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, од вкупниот износ 839.325.393 денари, е зголемен за 23.016.155 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на последната 65. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 862.341.548 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година уследи по зголемувањето на приходите на Основниот буџет за 23.016.155 денари …

Continue Reading

Армијата ја засилува својата борбена готовност, промовирани новите артилериски орудија „Боран“

Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше промовирана нова артилериска батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, кои се набавени од Турција во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На промоцијата, премиерот Мицкоски …

Continue Reading

ЗНМ: Пресудата за новинарот Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот „Фокус“, за случајот од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија. „Оваа судска пресуда, која следеше по одлуката на Уставниот суд од 2023 година, претставува значаен чекор напред …

Continue Reading

„Законот за верски училишта е направен согласно уставните одредби и е во согласност со важечките законски прописи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС забораваат да кажат дека токму решението за регулирање на статусот на училиштето на Исламската верска заедница, кое го донесе нивниот премиер, Талат Џафери, беше укинато од Уставниот суд поради тоа што го прекршуваше принципот на секуларност на државата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Kристина Kостова. „Новиот закон за верски училишта кој го предлага Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ …

Continue Reading

Општина Аеродром за првпат ја реконструира водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче

Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром, известува Општината. „Станува збор за клучна улица во должина од околу 1300 метри со вкупно 109 приклучоци и можност за нови приклучувања на оваа …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Македонија го зајакнува својот одбранбен капацитет- набавени артилериски системи и опрема согласно НАТО стандардите

„Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани. Со гордост објавувам дека преку Министерството за одбрана успешно ги реализираше два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема – опрема која е целосно …

Continue Reading

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C. По тој повод, Министерството за здравство потсетува за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи …

Continue Reading