Презентација на ШТЕТ-НА: Локалните избори се тест за политичарите да ја намалат штетната реторика

Политичарите треба да практикуваат етичка, транспарентна и професионална комуникација, базирана на факти, а не на манипулации и навредливи изрази – е еден од заклучоците од презентацијата на истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи (ШТЕТ-НА)“ пред пратениците, која ја организираше Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието. Станува збор за наоди од деветмесечниот мониторинг на штетните наративи на …

Continue Reading

Пилотот е виновен за најголемата авионска несреќа во Јужна Кореја, исклучил погрешен мотор

Истрагата за најсмртоносната авионска несреќа во Јужна Кореја откри дека пилотот исклучил погрешен мотор. 179 лица на летот 2216 на „Џеџу Ер“ загинаа кога авионот се урна во бариера додека се обидуваше да слета на меѓународниот аеродром Муан во декември минатата година. Само стјуардесата и стјуардот преживеаа. Тоа беше принудно слетување по судир со јато птици. На 29 декември, пилотите пријавија удар со …

Continue Reading

Саул го одби Трабзон се сели во Фламенго

Саул Нигез по 17 години го напушти Атлетико Мадрид. Играчот, кој претходната сезона ја мина на позајмица во Севилја, спогодбено се раздели со клубот од „Метрополитано“. Саул како слободен играч се очекуваше да се пресели во Трабзон. Во неделата, турскиот клуб испрати авион по него во Мадрид, но тој одби да отпатува во Турција. Медиумите објавија дека во договор со …

Continue Reading

Пукале со пиштол на семејна веселба во кичевско, повредено 16-годишно момче

Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село. Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле …

Continue Reading

СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

СДСМ бара итно повлекување на, како што го нарекува, сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР. Пратеникот Миле Талески изјави дека предлог законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски. „По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски …

Continue Reading

Мицкоски: Потпишан Меморандум со „Казанџи Груп“ – стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра

Премиерот, Христијан Мицкоски, со претставник од компанијата „Казанџи Груп“ денеска потпишаа меморандум, со кој, според премиерот, се отвора простор за стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра. „Денеска испраќаме јасен сигнал дека имаме волја, план и капацитет да го обезбедиме својот енергетски суверенитет и да го заштитиме својот економскиот интерес на државата на долги патеки. Со потпишувањето на овој …

Continue Reading

Светот зборува за новата холивудска романса помеѓу Остин Батлер и Зои Кравиц: тие сè уште мудро молчат…

Актерката Зои Кравиц и актерот Остин Батлер беа фотографирани заедно во Њујорк, каде, според медиумските извештаи, уживале во заеднички викенд. Како што посочија неколку извори, актерите присуствувале на претставата „Viola’s Room“, а потоа „побегнале“ од очите на јавноста. Двојката предизвика гласини за потенцијална романса на почетокот на април оваа година. Дури и некои извори блиски до актерите коментирале за нивната …

Continue Reading

Линеарното покачување на пензиите од 1000 денари ќе стигне во Собрание пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата на денешната седница ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат линеарно по 1.000 денари. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани пред да бидат распишани претстојните локални избори. „Јас веќе најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа практично го бараат пензионерите од Владата. Тој процент, согласно закон, кој што …

Continue Reading

Приведен кавадарчанец кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од …

Continue Reading