Во Германија момчиња бегаа со украден автомобил – штетата надминува 50.000 евра

Германската полиција регистрираше сериозен инцидент во округот Лудвигсбург, откако 13-годишно и 15-годишно момче украле автомобил во Штутгарт и потоа бегале со него од полицијата. Потерата завршила со сообраќајна несреќа, при што момчињата поминале со полесни повреди. Автомобилот бил целосно уништен, а материјалната штета се проценува на над 50.000 евра, пренесува Fenix Magazin. Според првичните информации, возилото го управувал помладиот од …

Continue Reading

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор. Ова го истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во прва официјална посета на Атина. „Дозволете ми да ја подвлечам важноста на целосната …

Continue Reading

Фон дер Лајен: Светот се промени засекогаш, мора да се соочиме со вистината

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, издаде остро предупредување дека неодамнешните политички превирања, особено војната во Украина и глобалните трговски конфликти, трајно и неповратно го преобликуваа светскиот поредок. Таа го одржа својот говор на Универзитетот Кејо во Токио, каде што ѝ беше доделена почесна докторска титула. „Не можеме едноставно да прифатиме да бидеме потресени од сеизмичките промени со …

Continue Reading

Силен земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Крит попладнево, со епицентар во морето, југозападно од градот Ханија. Земјотресот се случил во 16:26 часот по локално време на длабочина од околу 50 километри, според конечните податоци од Националната опсерваторија во Атина (NOA), пренесуваат медиумите во регионот. Земјотресот бил почувствуван во пошироката област на западен Крит, но според досегашните …

Continue Reading

Изградени и реконструирани повеќе улици и краци во Габрово

Во населеното место Габрово, изминатиов период, беа реализирани градежни активности за изградба и реконструкција на дел од уличната мрежа. По барање на жителите, изградени и реконструирани со бетонска подлога се повеќе улици и краци, со што значително се подобруваат условите за движење и пристап на жителите. Со градежните зафати во патната инфраструктура на подрачјето на општина Гевгелија, локалната самоуправа продолжува …

Continue Reading

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот. „Веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево. Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на …

Continue Reading

Лефков: И Жерновски се појави како бугарска интернет страна хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија

„За Mushroom медиуми сме чуле и виделе, ама Жерновски покажа дека постојат и mushroom политичари – без светло, без корен, и со многу влага од минатото. Пропаднатиот градоначалник, амбасадорот на диво се јави со писание за да не запознае дека не се во игра само mushroom страници туку постојат и mushroom политичари, објави на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле …

Continue Reading

Преку театар до добрина: Патување низ „Царството на другарството“

На 22 јули 2025 година, платото пред Народниот театар во Гевгелија се претвори во сцена на фантазија, смеа и искрена детска радост. Голем број дечиња заедно со своите родители беа дел од театарската претстава „Во царството на другарството“, изведена од Театар „Хит“- Скопје, во рамки на манифестацијата „Гевгелија- град на културата за 2025 година“. Претставата, која спојува елементи на сказни, …

Continue Reading

Вработен во болницата во Прилеп си присвоил 2.110.640 денари, пари наплатени од пациенти

Основниот суд во Прилеп донесе правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, за сторено кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштија од Управа за финансиска полиција. Станува збор за случај во кој, како …

Continue Reading