Владата тврди: Почнува стабилизацијата на здравствениот систем
По една година од преземањето на власта, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги истакнува првите резултати во, како што велат, еден од најзапоставените сектори од претходната власт – здравството. „Почна процесот на консолидација на јавните здравствени установи низ државата, што вклучува намалување на наследените долгови и екипирање со неопходен здравствен кадар“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, СДСМ оставила здравствен систем во …
Continue Reading
Гибс-Вајт го извиси Тотенхем, потпиша нов договор со „шумарите“
Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“. Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година. Нотингем се …
Continue Reading
СДСМ: Македонија гори поради неспособноста на Владата
Повеќе од 100 активни пожари ја зафатија територијата на целата држава, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, не презема ништо за навремена и ефикасна интервенција. „Цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта“, соопштија од СДСМ, оценувајќи дека се работи за „предавство, а не за патриотизам“. Според партијата, во моментов …
Continue Reading
Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари
Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се ставени под контрола, а 16 се изгаснати. Активни пожари има во: Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон …
Continue Reading
Стриптизети ги тешат украинските војници на 20 километри од фронтот
Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, исцрпените војници се главна клиентела на клубот „Flash Dancers“, сместен во центарот на град во североисточна Украина, на само 20 километри од руските позиции, објави „The Sun“. „За некои клиенти, клубот претставува бегство од војната“, вели 25-годишната Валерија Завацка, дипломирана правничка која го води клубот заедно со својата мајка, поранешна танчерка. „Но, …
Continue Reading
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција
Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми. На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција. Во …
Continue Reading
Со нож избодени најмалку 11 лица во Мичиген
Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба. Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит. Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. …
Continue Reading
Тргнал да истражува пештера, а потоа сфатил дека отишол предалеку (ВИДЕО)
Јутјуб дуото Џејмс и Едвард, кои објавуваат видеа на каналот „Action Adventure Twins“, објавиле видео кое не се препорачува за клаустрофобични луѓе. Имено, во видеото, кое има голем број прегледи и на „YouTube“ и на „Reddit“, еден од двајцата може да се види како ползи меѓу карпи. „Мислев дека ќе се прошири, но како што се приближував, сфатив дека станува …
Continue Reading
И по 54-ти пат Косово сè уште без собраниски спикер
Ниту доцна синоќа не успеа да се конституира Собранието на Косово, и покрај тоа што ова беше веќе 54-ти обид за избор на претседател. Причината повторно беше истата, недостиг на доволно гласови за формирање на комисија за тајно гласање, што е предуслов за спроведување на изборот. Политичките партии и коалиции – Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово …
Continue Reading