Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно – Трамп за писмото што му го предаде Зеленски
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека намерно не го прочитал писмото што му го предаде украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера. Зеленски за време на состанокот во Овалната соба му даде на Трамп писмо од неговата сопруга, адресирано до Меланија Трамп. Ова се случи откако првата дама на Соединетите Американски Држави му напиша писмо на …
Continue Reading
Дизајнерот кој го облече Зеленски откри што се крие зад оделото што го носеше вчера во Белата куќа
Украинскиот моден дизајнер Виктор Анисимов, кој работеше на оделото за претседателот Володимир Зеленски, истакнува дека поформалниот стил што Зеленски го одбра за посетата на Белата куќа бил однапред планиран и не е само реакција на критиките што ги добил по февруарската средба во Овалниот кабинет. Анисимов објаснува дека на новиот изглед работеле уште од јануари, пред да се појават критиките …
Continue Reading
Леверкузен на Дортмунд им го „украде“ Ечевери
Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица. Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд. Ечевери пристигна во …
Continue Reading
Трамп: Зеленски мора да биде флексибилен во преговорите, Европа сака да има војска на терен
Американскиот претседател беше прашан од новинарите дали има вести за можна трилатерална средба на која би учествувале рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп рече дека вчера се слушнал со Путин и дека се надева оти рускиот лидер ќе се однесува како што треба. Ако не, додава Трамп, тоа ќе биде тешка ситуација. Трамп изјави дека се …
Continue Reading
Царината заплени тутун за наргиле кај Блаце во вредност од 13.000 евра, возачот забрзал кон рампата за да ја избегне контролата
Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари, односно 13.000 евра. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, …
Continue Reading
Две жртви во два автобуси: украдени паричник и накит од патнички во Скопје
Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта. На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го …
Continue Reading
Љутков: Соработката со Германскиот археолошки институт отвора нови перспективи за македонската археологија
На еден од најзначајните археолошки локалитети во нашата земја, Скупи, денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков и Лукас Вертер потпишаа Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт, меѓународна научна институција со долгогодишна традиција и светски признати резултати во областа на археологијата. „Ми претставува особена чест и задоволство што денеска токму на локалитетот Скупи, со д-р Лукас Вертер од …
Continue Reading
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош
Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт. Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец е тешко повреден
Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте. Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош. На местото на настанот извршен е увид од полицијата.
Continue Reading