Трета година по ред: „Mozzart“ ги израдува децата на своите вработени со ранчиња и училишен прибор
Во компанијата Mozzart веќе е создадена убава традиција – трета година по ред на децата на своите вработени кои оваа есен првпат ќе седнат во училишните клупи им подари ранчиња и комплет училишен прибор. Со оваа традиција компанијата сака да им го олесни почетокот на школските денови на првачињата, но и да им покаже на нивните родители – вработените во …
Continue Reading
Уапсена е мајката која го оставила бебето во Белград: било заврзано во кеса
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, полицијата ја уапси А.С. (2006), мајка за која постои сомнение дека го оставила своето седумдневно бебе покрај контејнер во Земун, пренесува „Блиц“. Жената според „Блиц“ е обвинета за обид за тешко убиство. Бебето го пронашол случаен минувач околу 8:20 часот утрово. Било завиткано во крпи и врзано во кеса. Според Маја Миладиновиќ, …
Continue Reading
Ги елиминира Фенербахче од Лигата на шампионите, па потпиша договор со нив
Во денот кога Фенербахче му врачи отказ на тренерот Жозе Мурињо, турските медиуми објавија дека клубот го договорил трансферот на поранешниот играч на Галатасарај, Керем Актуркоглу. Бенфика ќе добие фиксни 22.500.000 и низ бонусите уште 2.500.000 евра. Интересно, Актуркоглу на некој начин му го потпиша отказот на Жозе Мурињо. Во средата, тој го постигна единствениот гол во плејоф двомечот меѓу …
Continue Reading
Маж ја тепал бремената сопруга: јa притискал за вратот и ја удирал главата од креветот
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во Скопје тој телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво почнал да и се обраќа на висок тон, а …
Continue Reading
Притвор за уште едно лице од групата која е под истрага за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари
Управата за финансиска полиција информира дека во текот на вчерашниот ден, 28.08.2025 година, на граничниот премин „Долно Блаце“, при обид за влез во РСМ, е лишен од слобода С.А., државјанин на Р.Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3). Од страна на овластени службени лица од Управата …
Continue Reading
Обвинение за насилство за таткото кој повреди 15-годишни деца на фудбалскиот натпревар во Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 24 август, на фудбалскиот стадион “Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу пионерските екипи на фудбалските клубови “Брегалница“ од Штип и “Шкупи“ од Скопје, обвинетиот …
Continue Reading
Миовски се враќа во Шкотска, ќе потпише за Глазгов Ренџерс
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се враќа во Шкотска. Џирона и Глазгов Ренџерс го договориле трансферот. Миовски ќе гоо стави потписот на договорот со „полицајците“ кога ќе ги мине лекарските прегледи, кои се најавени до крајот на денот. Бојан Миовски две сезони блескаше во дресот на Абердин, во кои постигна 44 гола. Минатото лето реши да се пресели во Шпанија, за …
Continue Reading
Тешко повреден 15-годишник од Канада: со мопед удрил во лисица во Охридско и паднал
Денеска (29.08.2025) околу 03:30 часот во СВР Охрид e пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Канада, a со престој во с.Долно Лакочереј, охридско, управувајќи мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лисица и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил …
Continue Reading
Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“
Тројца повредени во пожарот во дискотеката Пулс во кој загинаа 62 лица, веќе шести месец се на болничко лекување. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кажа дека еден од нив е во Истанбул, а двајца се во скопската болница „Аџибадем Систина“. „Ме радува да спомнам дека за неколку дена бројот на повредени кои се хоспитализирани се намали на …
Continue Reading