Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца
Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Continue Reading
Насилство во Ѓорче Петров: 40-годишник ги истепал вонбрачната партнерка и нејзината малолетна ќерка
Вчера во 21:15 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.09.2025 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и малолетната ќерка биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер В.М.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Насилно ограбен скопјанец во Аеродром
Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, 73-годишниот З.А. од Скопје пријави дека околу 12:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Пожар во Скопско: изгореа помошни простории од викенд куќа
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај село Раштак и кај село Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и друго, сопственост на Н.М.(51) од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје …
Continue Reading
Двајца повредени во судир меѓу трактор и „мерцедес“ на регионалниот пат Штип – Плачковица
Вчера во 19:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, во атар на село Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ со приколка, без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(59) од село Кучица, општина Карбинци и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(73) од село Аргулица, општина Карбинци. Во несреќата …
Continue Reading
Двајца струмичани отишле во Грција на риболов па биле недостапни на телефон, случајот во полиција го пријавила сопругата
Вчера околу 09:00 часот во СВР Струмица 43-годишната Т.Р. од Струмица пријавила дека на 06.09.2025 нејзиниот сопруг А.Р.(40) заедно со неговиот сосед С.А.(63) отишле во Грција на спортски риболов и потоа биле недостапни на мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета
Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета. Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.
Continue Reading
Возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи: уапсени лица од кавадаречко и Крива Паланка
Вчера во 00:55 часот во Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 29-годишниот Д.В. од Крива Паланка, затоа што при увид на сообраќајна несреќа на улицата „Свети Јоаким Осоговски” во која учествувал Д.В. со патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки ознаки, било констатирано дека има 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така вчера, во 16:30 часот на …
Continue Reading
Лишен од слобода возач во Кумановско: возел побрзо од дозволеното
Вчера во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 37-годишниот М.Б. од Арачиново. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници во село Љубодраг, кумановско, запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Б. и било утврдено дека управувал со возилото со брзина од 91 километри на час во населено место, каде максимална дозволена брзина е 40 километри на …
Continue Reading