Ројтерс: Саудиска Арабија тајно извршила напади врз Иран
Саудиска Арабија извршила серија претходно неоткриени напади врз Иран како одмазда за нападите врз Кралството за време на војната на Блискиот Исток, потврдија двајца западни и двајца ирански функционери запознаени со ситуацијата. Нападите, кои претходно не беа пријавени, претставуваат прв познат случај на директна саудиска воена акција на иранска територија и покажуваат дека Ријад станува поагресивен во својата одбрана против …
Continue Reading
Велика Британија испраќа воен брод и борбени авиони во Ормускиот теснец
Велика Британија ќе испрати опрема за автономни мини-мерки, борбени авиони „Тајфун“ и воениот брод „ХМС Драгон“ во мултинационалната одбранбена мисија за да се обезбеди навигација во Ормускиот теснец. Ова го објави во вторник министерот за одбрана Џон Хили за време на виртуелен самит со повеќе од 40 колеги од земјите вклучени во мисијата, која ќе стане оперативна штом условите дозволат, …
Continue Reading
Петрушевски: Официјална Софија и Филипче зборуваат со ист речник – но едните ги бранат своите, а другиот нивните интереси
Венко Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“, коментира пратеникот Бране Петрушевски. „Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДС дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа. Официјална …
Continue Reading
Притвор за раководител на образовен центар во Штип: Осомничен дека подолг период допирал малолетни ученички
Раководител на образовен центар во Штип е приведен и му е одреден 30-дневен притвор, откако бил осомничен дека подолг период несоодветно допирал малолетни ученички за време на дополнителна настава. Како што соопшти МВР, на 11 мај во 19:50 часот полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш. (65) од Штип. Според пријавата, тој …
Continue Reading
Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем
Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен …
Continue Reading
Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа
Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието, најавувајќи, како што се наведува, „нова, посериозна и поодлучна фаза“ во борбата против нелегалното коцкање и неговото влијание врз младите. Како што истакна портпаролката, Венера Азизи, фокусот на законот е ставен на заштита на децата, младите и семејствата, преку …
Continue Reading
СЗО: Се очекува раст на случаите на хантравирус
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека се очекува зголемување на бројот на случаи на хантравирус поради периодот што изминал меѓу појавата на првиот случај и потврдата на заразата. Говорејќи на конференција за новинари, Тедрос наведе дека првиот случај бил забележан на 6 април на крузерот „MV Hondius“, додека инфекцијата била потврдена како заразна дури …
Continue Reading
Хороскопски знаци на кои не им се допаѓа Евровизија
Некои хороскопски знаци едноставно не можат да се пронајдат во евровизискиот хаос и спектакл, па го гледаат на сосема поинаков начин. Јарец Го гледа Евросонг како хаотичен спектакл без структура и често се прашува дали некој воопшто навистина пее. Девица Гледа, но анализира сè: вокал, сценографија, облека. За неа има премногу „cringe“ моменти и премалку совршенство. Шкорпија Не сака површност …
Continue Reading
Пет земји ја бојкотираат Евровизија оваа година
Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, во салата Wiener Stadthalle. Вкупно учествуваат 35 земји. Велика Британија, Франција, Германија и Италија како дел од „големата петорка“ имаат директен пласман во финалето, заедно со домаќинот Австрија како лански победник. Оваа година, од натпреварот се повлекоа пет земји: Исланд, Ирска, Холандија, Словенија и …
Continue Reading