Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија. „Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот. Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите …
Continue Reading
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија
Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко. Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени. Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели …
Continue Reading
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор
Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон. Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари. Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува …
Continue Reading
Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад, што предизвика ширење на штетни супстанци во воздухот. „Денешниот пожар во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад разбирливо предизвика загриженост кај сите граѓани. Фирмата има 10-годишна дозвола добиена …
Continue Reading
Меџити не се појави на прес-конференцијата за опасниот пожар во Трубарево
Министерот за животна средина, Изет Меџити, вечерва не беше присутен на вонредната прес-конференција во МВР за големиот пожар во фабриката за електронски отпад во Трубарево, каде покрај батерии гореше и пластика што предизвика сериозна загриженост за здравјето на населението. Новинарите инсистираа да добијат одговор зошто ресорниот министер деновиве воопшто не се обратил до јавноста. Министерот за здравство, Азир Алиу, рече …
Continue Reading
Тошковски: Граѓаните кои живеат во близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните сустанци, радијација нема
Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва на вонредна прес-конференција објави дека не е регистрирано радијационо зрачење, но во непосредна близина на пожарот има високо ниво на штетни супстанци. „За да ја минимизираме опасноста, препорачуваме оние кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. На …
Continue Reading
Вечерва ќе има први резултати за квалитетот на воздухот во Трубарево
Министерството за животна средина и просторно планирање ангажираше акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во погодената зона, по пожарот што избувна во Трубарево. Резултатите од овие мерења ќе бидат јавно објавени веднаш по нивната обработка, а првите резултати веќе се очекуваат вечерва. Во очекување на резултатите од мерењата, Министерството препорачува граѓаните во погодената област да преземат следниве …
Continue Reading
(Видео) Атлетико лесно го победи Виљареал, деби гол на Нико Гонзалес
Атлетико Мадрид го победи Виљареал со 2:0 (1:0) во четвртото коло од Примера, што е прва победа за „јорганџиите“ оваа сезона по пораз и два нерешени натпревари. Во исто време „жолтата подморница“ го забележа првиот пораз во Ла Лига оваа сеозна. Тимот предводен од Диего Симеоне имаше многу посериозен пристап кон играта и поведе во деветтата минута со голот на …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Пожарот е злосторство против народот, скопјани не смеат да се гушат во чад и отров
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, реагираше по повод големиот пожар што избувна во Скопје, оценувајќи го како директна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина. „Во овој момент сведочиме на ужас што не смее да се повтори – огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски. …
Continue Reading