Со Христоски, Крушево стана европски центар за параглајдерство, реализирани се и преку 70 капитални инвестиции, рече Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначланик од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и Христоски се пример за тоа како треба да се работи …

Continue Reading

Министерот Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес одржа работен состанок со деканот на Медицински факултет при УКИМ, проф. д-р Светозар Антовиќ и шефови на катедри од овој факултет, на кој се зборуваше за ревизија и унапредување на структурата, времетраењето и содржината на специјализациите и супспецијализациите на здравствени работници и здравствени соработници со високо образование од областа на медицината. „Откако ја презедов …

Continue Reading

Деми Мур откри дека го изневерила сопругот ноќта пред венчавката: „Побегнав од сопствената моминска вечер“

Холивудската актерка Деми Мур открила дека го изневерила својот прв сопруг, музичарот Фреди Мур, ноќта пред нивната венчавка во 1981 година — признание што го објави во своите мемоари. Актерката, која тогаш имала 18 години, признала дека ја напуштила својата моминска вечер за да се сретне со маж што го запознала на снимање. „Наместо да ги пишувам заветите, се искрав …

Continue Reading

Трамп до Путин: Наместо да тестираш ракети, заврши ја војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на веста дека Русија успешно ја тестирала новата крстосувачка ракета на нуклеарен погон „Буревестник“, пренесе „Еуроњуз“. „Тој (Путин) треба да го заврши војната. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа треба да го направи, наместо да тестира ракети,“ изјави Трамп од претседателскиот авион „Ер форс уан“. Руското …

Continue Reading

Двајца Хрвати и еден Србин со „бмв“ бегаа од полицијата во Германија и загинаа во несреќа

По тешката сообраќајна несреќа со три смртни случаи во близина на Брауншвајг, идентификувана е третата жртва. Полицијата претпоставува дека станува збор за возачот на автомобилот кој во саботата, бегајќи од полицијата, паднал од мостот во каналот Мителанд. Сите тројца мртви од автомобилот сега се идентификувани, пишува РТЛ.де, пренесе Индекс. Сè започна во сабота напладне кога возачот на БМВ со регистарски …

Continue Reading

Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во „Систина“

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, најави проект за бесплатни прегледи за остеопороза во соработка со приватната болница „Аџибадем Систина“. Тој истакна дека по неговото доаѓање на градоначалничката функција, по 10 жени постари од 50 години месечно ќе добиваат бесплатен преглед за остеопороза, што ќе биде дел од поширока иницијатива за превентивна здравствена заштита. Лукровски додаде …

Continue Reading

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески. Професорите ја информираа за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето …

Continue Reading

Путин со министерката за надворешни работи на Северна Кореја: Се оди според планот

Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со севернокорејската министерка за надворешни работи Чо Сон Хуи. „Големо ми е задоволство да ве видам. Ве молам, пренесете ги моите најдобри желби до претседателот Ким Џонг-ун“, рече Путин, како што објави агенцијата РИА. За време на средбата, Путин потсети дека неодамна се сретнал со Ким за време на неговата посета на Пекинг. …

Continue Reading

Лавров вели дека Трамп „радикално“ го менува својот став за војната во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги напуштил принципите што, според него, биле дискутирани за време на состанокот во Алјаска. Коментарите на шефот на руската дипломатија доаѓаат откако Трамп во последните денови повика на итен прекин на конфликтот во Украина, според германската новинска агенција dpa. Во разговор за унгарскиот YouTube канал Ultrahang, Лавров …

Continue Reading