Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне ќе …
Continue Reading
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола. Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски. Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Continue Reading
Путин: Руската армија напредува, украинските единици се повлекуваат
Рускиот претседател Владимир Путин денес одржа состанок за ситуацијата во зоната на специјални воени операции со фокус на моменталната состојба на фронтот и истакна дека единиците на украинските вооружени сили се повлекуваат насекаде. „Денес ќе одржиме уште еден состанок посветен на развојот на ситуацијата во зоната на специјални воени операции“, рече Путин на почетокот на состанокот, пренесува Интерфакс. Тој рече …
Continue Reading
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината. Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство. …
Continue Reading
ГП Евзони (Богородица) и ГП Ники (Меџитлија) се пуштени за сообраќај
Од 15:00ч. ГП Евзони (Богородица) и ГП Ники (Меџитлија) се пуштени за сообраќај на сите видови возила, информираат од АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Скопје – Европска престолнина на културата 2028
„Град Скопје денеска направи значаен чекор во насока на целосна и координирана подготовка за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини, се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоупр“, соопштија од оваа институција. Овој чин, како што нагласуваат …
Continue Reading
Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор. Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот …
Continue Reading
Вучиќ: Од 2026 година ќе имаме раст од повеќе од три проценти и ќе бидеме меѓу најдобрите земји во Европа
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е задоволен од реализацијата на инфраструктурните проекти во 2025 година, за која вели дека била предизвикувачка година. Тој исто така најави дека очекува стапка на раст од повеќе од три проценти од следната година и дека Србија ќе биде една од најдобрите земји во Европа. Вучиќ го изјави ова за време на обиколката …
Continue Reading
Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 26.10.2025, првопријавениот физички ги нападнал неговите малолетни деца и неговата сопруга, а потоа при негово приведување физички нападнал …
Continue Reading