Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен …
Continue Reading
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови …
Continue Reading
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Continue Reading
Инцидент во Словенија: член на паравоена група се обидел да му даде пиштол на премиерот Голоб
Попладнево, полицијата интервенираше пред зградата на словенечката влада во Љубљана, кога припадник на т.н. Штаерската гарда, паравоена група и самопрогласена милиција, се обиде лично да му предаде нелегален пиштол на премиерот на Словенија, Роберт Голоб. Инцидентот се случи еден ден откако Голоб објави закон што ќе овозможи доброволно предавање на нелегално оружје без последици, јавува агенцијата СТА. Канцеларијата на премиерот …
Continue Reading
Макрон: Франција ќе им помогне на Палестинците да изработат устав за идната држава
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ѝ помогне на Палестинската самоуправа во изработката на устав за идната палестинска држава. Изјавата ја даде по средбата со Махмуд Абас во Париз. Макрон најави формирање заеднички француско-палестински комитет кој ќе работи на правните, институционалните и организациските аспекти на идниот устав. Тој додаде дека Франција ќе обезбеди 100 милиони евра хуманитарна помош …
Continue Reading
Јувентус не се откажува од Влаховиќ
Спортскиот директор на Јувентус, Дамиен Комоли рече дека клубот не се откажува од Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот. Сите досегашни преговори, околу евентуалниот нов договор завршија неуспешно. Влаховиќ не ги прифаќа финансиските услови. Инаку со годишна плата од 12 милиони евра, Влаховиќ е најплатениот играч во Серија А. Јувентус му нуди договор во кој платата …
Continue Reading
Загреб ја забрани „За дом спремни“ на концерти и јавни настани
Градското собрание на Загреб денес гласаше за Заклучок со кој се повикува градоначалникот да преземе сите потребни мерки за да се спречи употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучително и „За дом спремни“, на сите јавни површини и настани под надлежност на градот, пренесе хрватски „Индекс“. Одлуката се однесува на областите управувани од градските институции и комерцијалните …
Continue Reading
Кристијанштад го победи Вардар, Мансон го поништи учинокот на Валак и Хориха
Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз во Лига Европа. Во рамките на третото коло во Ф групата, Кристијанштад го победи Вардар со 32:31 (14:11). Вардар одигра лошо прво полувреме, со голем број технички грешки, па ни брилијантниот Валак на голот на можеше да му обезбеди на совјот тим позитивен резултат по 30 минути игра. Вардар на 12 голмански интервенции …
Continue Reading
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера. Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си …
Continue Reading