Алијансата за Албанците ќе го обжали Законот за „Безбеден град“ пред Уставниот суд

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците најави дека во понеделник ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на измените на Законот за прекршоци, преку кој се овозможува имплементација на системот „Safe City“ (Безбеден град). Од партијата наведуваат дека актуелната примена на системот отвора сериозни правни, уставни и социјални прашања, особено поради тоа што, според нив, се спроведува …

Continue Reading

Со гласањето против „Безбеден град“, СДСМ и ДУИ застанаа против безбедноста на граѓаните, рече Мицевски

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, коментира дека СДСМ и ДУИ на денешната собраниска седница гласала против измените на Законот за прекршоци, со што, како што рече, се спротивставила на проектот „Безбеден град“ и на напорите за унапредување на безбедноста во сообраќајот. „Коалицијата Али и Венко, СДС и ДУИ, денеска во Собранието гласаа против проектот ‘Безбеден град’. Тие …

Continue Reading

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку кој ќе профункционира системот „Сејф сити”, Левица ќе поднесува измени особено во однос на глобите, односно ќе бараат скалесто казнување. „Не може да се казнуваат исто луѓе со месечни примања од 500 ЕУР и луѓе со месечни примања и од …

Continue Reading

Изјавите на oбоистката Петрушевска која беше суспендирана од работа, директорот на МОБ ги оцени како невистинити и паушални

Директорот на Националната опера и балет, Оливер Арсовски, реагира на јавните изјави на првата обоистка Татијана Петрушевска, поврзани со дисциплинската постапка што се води против неа, оценувајќи ги како „невистинити и паушални“ и предупредувајќи дека со таквите тврдења ѝ се нанесува штета на институцијата и се создава искривена слика во јавноста. „Во оваа фаза нема да изнесувам факти, бидејќи постапката …

Continue Reading

Зеленски по средбата со Трамп: Чекам датум за потпишување на историскиот договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос разговарале за прашања поврзани со противвоздушната одбрана, безбедносни гаранции и финансирање на обновата на Украина, вклучувајќи ја и областа Донбас. Како што пренесе „Европска правда“, Зеленски појасни дека договорот за безбедносни гаранции е подготвен за потпишување и изрази надеж дека САД ќе реагираат позитивно. „Сега чекам претседателот …

Continue Reading

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител. Против неговиот избор гласаа шест пратеници, а од вкупниот број пратеници што доаѓаат од заедници кои не се мнозинство, 28 беа „за“, додека осум гласаа „против“. Сељами има завршено Правен факултет на Универзитетот во Тетово и постдипломски студии …

Continue Reading

Муцунски на министерски состанок во Истанбул: За справување со закани потребна е засилена координација и размена на информации во регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна важноста на реалистичен и …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Јованка Тренчевска. Според неа, меѓу одбиените предлози било и враќањето на членот 353 – злоупотреба на службена положба и овластување – на формулацијата што важеше пред измените во 2023 година. „Без силен член 353, тендерската коалиција …

Continue Reading

Концерт на Жељко Самарџиќ на 8 август во Охрид

Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената. Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави …

Continue Reading