Божиновска: Соларната енергија е еден од клучните столбови на македонската енергетска транзиција
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се обрати на настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, организиран од Агенцијата за иновации и научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, по повод 26 јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека одбележувањето на Меѓународниот ден на чистата енергија претставува силен потсетник за …
Continue Reading
Португалија и Норвешка ремизираа на ЕП
Португалија и Норвешка 0диграа без победник 35:35, во натпревар од четвртото коло, во Групата 1 на Европското првенство. Динамичен и квалитетен натпревар одиграа двете репрезентации во Хернинг. Норвешка го контролираше натпреварот до 42.минута, кога Португалците ја презедоа иницијативата. Во последните девет минути Португалците влегоа со предност од три гола, но не успеаја да победата. Се самоуништија во последните пет минути …
Continue Reading
Околу 4.000 летови откажани во САД поради ледената бура
Речиси 4.000 летови беа откажани денес до или од Соединетите Американски Држави, а аеродромите во Бостон и Њујорк се најтешко погодени, според податоците од веб-страницата „FlightAware“. Од петок, повеќе од 20.000 летови беа откажани поради зимската бура, објавува „ABC News“. Само во неделата беа откажани повеќе од 11.000 летови, што е најголем број дневни откажувања од пандемијата на коронавирусот, според …
Continue Reading
„Паметен зелен бран“ за регулирање на протокот на возила: Ѓорѓиевски и Тошковски на финални подготовки за официјално пуштање на „Сејф Сити“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одржа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјално пуштање во функција на „Сејф Сити“ системот, соопштија од Град Скопје. Притоа беше истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна и активна улога во имплементацијата на овој современ систем, со …
Continue Reading
Песков: Русија го иницираше предавањето на замрзнатите средства на Одборот за мир
Москва сè уште не е запознаена со официјалната реакција на Вашингтон на иницијативата на Русија за префрлање на една милијарда долари од средствата замрзнати во САД на Одборот за мир, но тоа секако отвора нови хоризонти за соработка со САД, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Досега не сме слушнале никаква јавна реакција на ова“, рече Песков, пренесува Спутник. …
Continue Reading
Утре претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали
Утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во …
Continue Reading
Град Скопје започнува постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година: граѓаните и компаниите да го сторат тоа во најкраток можен рок
Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок, информираат од таму. Од Град Скопје појаснуваат дека …
Continue Reading
Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов
Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со билет за кој не добил фискална сметка, не му бил побаран документ за идентификација, а откога се случил пожарот и настанало стампедото, обезбедувањето му помогнало да излезе. Данаилов во детали објаснуваше што се случувало ноќта кога се случи пожарот во …
Continue Reading
Кремљ: Рано е да се очекуваат големи резултати од преговорите за Украина
Кремљ соопшти дека разговорите меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната сè уште се во рана фаза и дека не треба да се очекуваат опипливи резултати. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека би било погрешно да се очекуваат „големи резултати“ од трилатералните разговори што се одржаа минатиот викенд во Обединетите Арапски Емирати. Според него, …
Continue Reading