Во Битола одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Со полагање свежо цвеќе и пригодна церемонија денеска во Битола беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада. Пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости. Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците …

Continue Reading

Големите приказни на малите херои – Бекутан Конференција по повод светскиот ден на предвремено родени бебиња

ПРЕКУ ИСКРЕНИ СВЕДОШТВА И ИНСПИРАТИВНИ РАЗГОВОРИ, ЕКСПЕРТИ, РОДИТЕЛИ И ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ ИСПРАТИЈА ЕДИНСТВЕНА ПОРАКА: ГРИЖАТА ЗА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА НЕ Е САМО МЕДИЦИНСКИ ПРОЦЕС – ТОА Е ЖИВОТНА МИСИЈА ИСПОЛНЕТА СО ХРАБРОСТ, НАДЕЖ И СО БЕЗРЕЗЕРВНА ЉУБОВ. Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки …

Continue Reading

Јаневска: Фокусирани сме на развој на вештините кои им се потребни на младите за успешен настап на пазарот на труд

Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења …

Continue Reading

Биле агресивни кон сопругите: два случаи на семејно насилство во Охрид

Синоќа во 21:30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Љ.Ѓ.(61) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се одбнесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 16:40 часот на ул.„АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.(39) од …

Continue Reading

16-годишник претепан од три лица во Охрид

Ноќеска (18.11.2025) во 00:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 17.11.2025 во 22:00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, три лица физички нападнале 16-годишник од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Continue Reading

Предизвикал сообраќајна несреќа, возел со 1,86 промили алкохол во крвта: уапсен маж од Дебар

Денеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар. Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки …

Continue Reading

Временска најава: Дожд и ветер цела недела, викендов невреме

Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, информира УХМР. Под влијание на циклонска …

Continue Reading

Алкараз нема да игра за Шпанија во Дејвис купот

Завршниот турнир во Дејвис купот доживеа уште еден тежок удар. Откако пред две недели Јаник Синер објави дека нема да игра за Италија, во вторникот од турнирот се откажа и светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз. Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, објави дека поради повреда на десната нога, нема да игра за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот. …

Continue Reading

Кремљ: Ниту еден руски претставник нема да биде во Турција за време на посетата на Зеленски

Кремљ објави дека ниту еден руски претставник нема да отпатува во Турција за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој утре ќе биде во Анкара во обид да ги оживее мировните напори за ставање крај на конфликтот во Украина. „Не, утре нема да има руски претставници во Турција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите. Зеленски рече …

Continue Reading