(Фото) Општината ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром и ќе им прати фактура на сопствениците
Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект. Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа на терен излегоа комуналните екипи на Општината“, објави градоначалникот …
Continue Reading
Коцевски: Еколошкиот криминал и кај нас веќе е класифициран како сериозен, кој честопати добива облик на организиран криминал
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на отворањето на националната тркалезна маса за конвергенција на климатската и еколошката правда, поддржана од Француската агенција за развој. „Еколошкиот криминал и кај нас веќе е класифициран како сериозен и сложен криминал, кој честопати добива облик на организиран криминал, а штетите од него се огромни и во здравствена и …
Continue Reading
Поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација низ општина Илинден
Во областа на патната инфраструктура, од особена важност за унапредување на безбедноста во сообраќајот е редовното одржување и обележување на локалните улици и патишта, со што се обезбедува поголема видливост и уредност на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а со тоа се обезбедува и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот, особено за најранливите категории, пешаците и велосипедистите, велат од …
Continue Reading
Откриена група крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим и ги продавале на нелегален отпад
Вчера во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, …
Continue Reading
Дали ќе трае пет месеци или пет години никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”
Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 63 животи, рече дека никој не може да претпостави колку време ќе трае постапката. Таа ги повика сите учесници на дисциплина за да може да се дојде до вистината и правдата. „Не можам да ви гарантирам …
Continue Reading
Фицо: Сакаме НАТО да ја зајакне воздушната одбрана во Словачка
Словачка сака НАТО да ја зајакне воздушната одбрана во земјата што е дел од нејзиното источно крило, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо по состанокот со генералниот секретар на воениот сојуз. За време на разговорите во Братислава со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Фицо, исто така, ги бранеше плановите на Словачка да одлучи за темпото и структурата на трошоците за …
Continue Reading
(Видео) Ограбена златарница во БиХ: еден крадец пронајден мртов, бил фрлен од автомобил
Висниска драма се одвиваше утрово во центарот на Калесија, во близина на Тузла, каде што беше ограбена златарница. Еден од разбојниците беше пронајден мртов, а според неофицијални информации, неговото тело било фрлено од автомобилот од другите крадци додека бегале, како што потврди Кликс.ба. Кратко потоа, полицијата го пронашла и запалениот автомобил користен во грабежот. Сè започнало утрово околу 7:35 часот, …
Continue Reading
Промоција на книгите за деца од Иван Антоновски во Штип
Светскиот ден на детето, 20 ноември, во Штип ќе се одбележи со промоција на книгите за деца од истакнатиот македонски автор Иван Антоновски – „Градина полна латици“ и „Бакнежи на небото“, и двете изданија на „Светулка“. Во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“, промоцијата ќе се одржи во Спомен собата на Ацо Шопов, со почеток во 12 часот. Промоторка …
Continue Reading
„Мојот брат е зависник од кокаин“, тврди сестрата на филипинскиот претседател
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос ги негираше обвинувањата од неговата сестра дека е долгогодишен зависник од дрога, чија наводна зависност од кокаин доведе до проблеми во неговото владеење, вклучително и корупција. Подсекретарката за комуникации Клер Кастро ги опиша коментарите на сестрата на претседателот, сенаторката Име Маркос, како неосновани и посочи дека тие можеби биле очаен обид да се одвлече вниманието од …
Continue Reading