Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата

Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентираше резултати од анализата на капацитетите на сите јавни и приватни здравствени установи кои нудат услуги покриени од Фондот за здравствено осигурување. Граѓаните веќе можат на веб-страницата на „Мој термин“ да проверат во која институција какви лекари има, од кои има недостаток, …

Continue Reading

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“. Tемелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 година и е финансирана од …

Continue Reading

Управителка на фирма во Кичево наместо покрив доградила дополнителен кат и поткровје

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишната Р.О. од селото Длапкин Дол и против фирма со седиште во истото село, поради сомнение за бесправно градење, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата заведена во полицискиот билтен, Р.О., како управител и инвеститор, при изградба на станбена зграда во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево постапила спротивно на одобрението за градење …

Continue Reading

(Видео) Борбен авион се урна на аеромитинг во Дубаи

Индиски борбен авион „Теџас“ се урна денеска за време на аеромитинг во Дубаи, при што загина неговиот пилот, соопштија индиските воздухопловни сили (IAF). Борбениот авион летал на ниска надморска височина околу 14:15 часот по локално време пред да се сруши и да експлодира во огнена топка, според сведоци. Снимките од местото на настанот покажуваат црн чад што се издига од …

Continue Reading

Четворица скопјани пријавени за разбојништво – со сила и закана одзеле 188.600 денари и телефон

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје – Б.Р. (25), Р.М. (49), Ш.М. (49) и В.Т. (27) – поради сомнение дека извршиле разбојништво, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година во Скопје, кога осомничените со употреба на физичка сила и закана со огнено оружје му одзеле на едно лице 188.600 …

Continue Reading

Групна изложба на осум хрватски уметници „Инфра ред – уметност на иднината“ во Скопје

Групна изложба на осум хрватски уметници: Дијана Назор Чорда, Ивана Ожетски, Марија Галиќ, Нада Жиљак, Јана Жиљак Гршиќ, Вилко Жиљак, Ивица Фиштер и Ивана Жиљак Станимировиќ со наслов „Инфра ред – уметност на иднината“ ќе биде отворена на 25 ноември, вторник, во Мала станица, со почеток во 20 часот. Куратор на изложбата е Санда Станаќев Бајзек. Во рамките на Годишната програма …

Continue Reading

Во Скопје и Битола тешко повредени две жени додека поминувале улица како пешаци

Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Првиот инцидент бил пријавен во СВР Скопје вчера утрото околу 07:10 часот. На крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М., удрило во пешакот М.К. …

Continue Reading

Гаши – Сиаојан: Кина е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан. Претседателот Гаши беше дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“. „Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина …

Continue Reading

Маж од Дојран приведен под сомнение за обљуба врз 25-годишна девојка

Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава до обвинителството од овој град против И.С. (34) од Нов Дојран, кој се сомничи дека извршил обљуба врз 25-годишна девојка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, настанот се случил на 20 ноември 2025 година во атар на село во општина Дојран. Мажот бил приведен и изведен пред судија во Основниот суд во Гевгелија, …

Continue Reading