Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа. Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница …
Continue Reading
Штипјанец запалил оган пред домот и го оставил да гори – пожарот ја зафатил неговата куќа и се проширил и кај соседите
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.Е. (43) од овој град поради сомнеж за предизвикување на општа опасност. Според пријавата, на 24 септември 2025 година во селото Љуботен, штипско, тој запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира. Подоцна огнот повторно се активирал и зафатил две соби од подрумскиот дел на неговата …
Continue Reading
Роналдо им подари часовници на своите соиграчи, еден доби семејството на Диога Жота
Кристијано Роналдо продолжува да му оддава почит на својот трагично починат соиграч Диого Жота, а овој пат тоа го направи посебен гест за неговото семејство и остатокот од португалската репрезентација. Во знак на сеќавање на заедничкиот триумф во Лигата на нации во 2025 година, Роналдо им подари на сите персонализирани часовници. За потсетување, напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат Андре …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Нема гаранција дека прашањето со Бугарија ќе остане единствениот услов
Нема гаранција дека билатералното прашање со соседна Бугарија ќе остане единствениот услов за напредок во евроинтегративниот процес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Националната конвенција за Европската Унија, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. „Можно е да не биде единствен услов решавањето на билатералниот проблем со еден од …
Continue Reading
Маж од Пехчево пријавен за насилство, нападнал жена со стаклен предмет и оштетил кров од куќа
Полицијата поднела кривична пријава против Ќ.Д. (29) од Пехчево поради сомнение за кривично дело „насилство“. Според пријавата, на 19 февруари 2025 година осомничениот најпрво оштетил кров на куќа, а потоа во дворот физички ја нападнал Т.Д., при што употребил стаклен предмет.
Continue Reading
Николоски: Заштитата на Охридското езеро и басенот на река Црн Дрим е приоритет за Владата
Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во согласност со приоритетите за економски развој и заштита на природните богатства како и усогласување на директивите на ЕУ, истакна денеска вицепремиерот Александар Николоски на состанокот на експретско ниво за заштитата на сливот на реката Дрим и Охридското сливно подрачје. Николоски во своето обраќање истакна дека Владата преку системски …
Continue Reading
Алиу–Мемишоглу: Постои можност за уште поинтензивна македонско-турска соработка во здравството
Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу. „Имаме многу заеднички предизвици во здравството, од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум …
Continue Reading
Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер
Нема да има нови ресори, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, а тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина. Мицкоски најави дека оваа недела ќе се знаат имињата и кажа …
Continue Reading
Сомнеж за труење со храна: ученици од Скопје со стомачни болки, затворена кујната во училиштето
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на ООУ „Димо Хаџи Димов“. Надзорот следува по утринското известување дека поголем број ученици пријавиле стомачни болки. Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на евентуално …
Continue Reading