Жељко Обрадовиќ понудил оставка
Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, понудил оставка на функцијата по серијата порази на тимот во Евролигата, објавија српските медиуми. . Неуспехот на Партизан во Атина против Панатинаикос беше седми во последните осум натпревари, тимот изгледаше летаргично, без идеи, дозволувајќи му на противникот серија 25:0 во третата четвртина со која мечот беше решен. Очигледно, Обрадовиќ нема начин да ја сврти ситуацијата, …
Continue Reading
(Видео) Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот. Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува …
Continue Reading
Муртезани во ЕП: Нашиот долг евроинтегративен пат, често надвор од Копенхашките критериуми, не ја поколеба нашата визија за полноправно членство
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Република Северна Македонија, беше посветен на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права …
Continue Reading
Сорокин: Шверц на оружје од Украина во ЕУ
Заплената на шверцувано оружје на молдавско-романската граница сведочи за постоењето на софистицирана и добро организирана шема што ја олеснува нелегалната трговија со оружје од Украина во Европската Унија преку Романија, изјави за ТАСС, Дмитриј Сорокин, директор на Руско-молдавскиот центар за пријателство и соработка. Нелегална муниција е пронајдена во камион со потекло од Молдавија на границата со Романија, пренесува медиумот. „Овој …
Continue Reading
Утре претежно облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини снег
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Потребен е Национален регистар на дијаспората за да го знаеме точниот број на иселеници
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на јавната расправа за Национална стратегија за соработка со дијаспората, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, презентирајќи оценка, забелешки и предлози. За неа, стратегијата е пресвртница во националната политика и сериозен обид за зајакнување на односите со дијаспората. Таа укажа дека за успех на стратешките определби е потребна централизирана интерсекторска координација, …
Continue Reading
ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“
Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на зараза, нареди и вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето. Директорот на ДСЗИ, доктор Кирил Лазов, рече дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје за пројавени стомачни тегоби кај ученици од ова училиште, на терен …
Continue Reading
Стојаноски: Владата веќе обезбеди 30 милиони евра за реконструкција на студентските домови
Единствена причина зошто денеска тука на овој амандман нема претставник од Левица е еклатантното непознавање и незнаење, како и директната грешка на тоа како тие ја поимуваат политиката, а тоа е политика на рил на Фејсбук, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет. Стојаноски посочи дека ваквите постапки на овие пратеници …
Continue Reading
Минчев: Стоп за партиските вработувања, време е квалитетот да биде пред сѐ
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес во Битола ја отвори четвртата серија од генеричките обуки за административните службеници за 2025 година, овојпат наменети за институциите од Пелагонискиот регион. Настанот се одржа во Офицерскиот дом во Битола, каде Министерството ја продолжи својата стратегиска агенда за создавање современа, професионална и европска јавна администрација. Министерството за јавна администрација го заокружува годишниот процес …
Continue Reading