Промоција на книгата „НУ Библиотека ’ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од Милчо Јованоски

Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“ утре – четврток , 4 декември од 11 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „НУ Библиотека ‘ Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски во издание на Библиотеката. Авторот, м-р Јованоски, во неа ги вклопил новите истражувања сврзани со животот и делото на …

Continue Reading

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за основните и средните училишта, којшто Народната банка го организира во соработка со Министерството за финансии по повод Светскиот ден на штедењето. На настанот се обрати гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски. Гувернерот Славески, во …

Continue Reading

Израел: Останките предадени вчера не им припаѓаат на заложниците од Газа

Израелските форензички служби заклучија дека останките предадени од Хамас не се оние на последните двајца заложници од Газа, соопшти канцеларијата на израелскиот премиер. Според условите на октомврискиот договор за прекин на огнот, Хамас ги предаде останките на она што Црвениот крст го опиша како останки на еден од последните двајца починати заложници кои сè уште се во Газа. „Наодите донесени …

Continue Reading

(Видео) Изненадување на концертите на Цетински во Сава Центар: Публиката воодушевена од настапот на Ристе Ристески

Изминатиов викенд, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во Белград, а едно од најголемите изненадувања за илјадниците присутни беше појавувањето на специјалниот гостин – македонскиот пејач Ристе Ристески. Протоколот внимателно го криеше неговото учество до самиот почеток на првиот концерт, по што салата го пречека со силни овации и громогласен аплауз. Ристески на големата сцена ја …

Continue Reading

ЕК ќе поднесе предлог за користење на замрзнати руски средства за финансирање на Украина

Европската комисија планира да поднесе законски предлог оваа недела за користење на замрзнати руски средства за финансирање на Украина, а во исто време ќе ја остави отворена можноста за задолжување на финансиските пазари или комбинирање на двете опции. Лидерите на Европската унија постигнаа договор во октомври за задоволување на итните финансиски потреби на Украина во следните две години, но не …

Continue Reading

(Видео) Секси водителката се погрижи сите да гледаат во неа

Прекрасната британска водителка Аманда Холден (54) привлекува внимание каде и да се појави, без разлика дали е на улица или на свечен настан, што не е изненадувачки со оглед на тоа што има околу шеесет години, а изгледа многу помладо. Токму нејзината младост ѝ дава самодоверба и храброст да носи дури и најпровокативни комбинации, па затоа сексипилната Британка повторно беше …

Continue Reading

Серена Вилијамс демантира дека се враќа на тенисот

Американската тенисерка Серена Вилијамс ги демантираше тврдењата на Бен Ротенберг дека се враќа на тенисот. Ротенберг објави како ексклузивна вест дека 44-годишната Американка планира да се врати на теренот по три сезони. Како извор, тој ја наведе пријавата на Серена на списокот на тенисерки, регистрирани за контрола на допинг, што е задолжително за сите. Во октомври, Серена се најде на …

Continue Reading

(Видео) Хегсет за вториот напад на Карибите: „Не видов преживеани“

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека „лично не видел никакви преживеани“ пред вториот напад врз сомнителен брод за дрога во Карибите. Инцидентот од 2 септември, во кој две лица наводно биле оставени да се држат за запалените остатоци по првичниот напад, предизвика сериозна загриженост дека американските сили можеби ги прекршиле меѓународните закони за вооружени конфликти, пишува Би-Би-Си. За …

Continue Reading

Зеленски: Се плашам дека САД ќе го загубат интересот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, призна дека се плаши дека САД ќе го изгубат интересот за организирање мировен договор меѓу Украина и Русија, објави Sky News. На заедничката прес-конференција со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Даблин, Зеленски рече дека е оптимист во врска со напорите на САД за наоѓање решение за конфликтот. „Во моите зборови имаше малку оптимизам поради брзината на …

Continue Reading