(Видео) Денвер и Лејкерси славеа на турнејата по Источната конференција
ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс славеа победи на гостувањата во Источната конференција. Денвер потешко од очекувањата победи во Шарлот со 115:106. Но, добрата вест за навивачите на Денвер е дека Џамал Мареј, кој дефинитивно е во одлична форма, одигра уште еден одличен натпревар. Мареј беше најефикасен кај Нагетс. Тој постигна 34 поени, 23 во првата четвртина. Јокиќ беше на еден …
Continue Reading
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица. Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје. Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени …
Continue Reading
Доделување на наградата „Св. Климент Охридски“
Во Кристалната сала на Собранието, денеска, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија. Државната награда „Св. …
Continue Reading
Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа
Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата во периодот до крајот на месец декември ќе се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип, а е со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од …
Continue Reading
Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитки по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски. „Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот. Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, …
Continue Reading
Гужва на границите: за излез од државата на „Дојран“ и „Табановце“ се чека по 40 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин „Табановце”, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на …
Continue Reading
Денеска се празнува Свети Климент Охридски
Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Македонската православна црква со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Како и во времето на Климент и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се одржа синоќа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. „На 8 Декември го чествуваме Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител е врежан во колективната меморија не …
Continue Reading
Променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 14 степени
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени, информира УХМР. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба …
Continue Reading