Зеленски: Секој компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес нагласи дека секој компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата на нејзините источни региони мора да биде фер и потврден на избори или референдум. „Верувам дека украинскиот народ ќе го даде одговорот на тоа прашање. Без разлика дали преку избори или референдум, тоа мора да биде став што доаѓа од украинскиот народ“, изјави …

Continue Reading

ГРОМ: Најостро го осудуваме хулиганското упаѓање во редакцијата на „Инфомакс“

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ најостро го осудува вчерашното хулиганско упаѓање во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емисија во живо од страна на, како што велат, хулиган-симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. „Со овој флагрантен чин, практично се поместува границата на кршење на демократските права на граѓаните, а тоа е да слушнат поинакво мислење од секојденвните самофалечки вести на власта преку дузината свои …

Continue Reading

Утврдени неправилности на Зимзоленд: Град Скопје нема дадено дозвола

Инспектори од Град Скопје денеска биле на локацијата каде што се одржува Зимзоленд и утврдиле низа неправилности. Утврдено е дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. „По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе …

Continue Reading

ЕУ замрзнува 210 милијарди евра руски средства додека Москва не плати репарации

Европската Унија одлучи на неодредено време да ги замрзне средствата на Руската централна банка во вредност од 210 милијарди евра. Мерката, заснована на клаузула за економски вонредни состојби, има за цел да спречи надворешни обиди за ослободување на средствата пред Москва да му плати воени репарации на Киев, објавува Euronews. Со овој потег, ЕУ сака да обезбеди контрола врз замрзнатите …

Continue Reading

Нов закон во Австрија: Девојчињата до 14 години повеќе не смеат да носат хиџаб во училиште

Долниот дом на австрискиот парламент денес донесе забрана за девојчиња под 14 години да носат муслимански прекривки за глава во училиштата и покрај можноста законот да биде прогласен за неуставен, што се случи пред пет години. Забраната, која ја предложи владејачката коалиција од три центристички партии, беше поддржана од крајно десничарската Партија на слободата (FPO), која беше единствената што побара …

Continue Reading

Списанието „Тајм“ избра „Личност на годината“ – тоа се „архитектите на вештачката интелигенција“

Списанието „Тајм“ оваа година одлучи дека неговата традиционална титула „Личност на годината“ нема да оди кај една личност, туку кај група луѓе што ги нарекува „архитекти“ на вештачката интелигенција (ВИ). На една од двете насловни страници се претставени лидерите на клучните технолошки компании: извршниот директор на „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, сопственикот на „Х“, Елон Маск, …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната …

Continue Reading

Утре без вода за пиење делови од општина Бутел

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради змена на вентил во шахт Ф 2“1/2“ (два и пол цола) на улица Натанаил Кучевишки бб. градинката 11-ти Октомври со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Натанаил Кучевишки, Краишка и Хо Ши Мин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.(општина …

Continue Reading

Предлог-Законот за Судски совет едногласно го помина првиот собраниски филтер, поддршка доби и од опозицијата

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија ја усвоија потребата од донесување на новиот Предлог Закон за Судски совет кој претставува основа за суштинска реформа во правосудството. Предлог законот доби поддршка од сите членови на комисиите, вклучително и од опозицијата. Министерот за правда , Игор Филков образложувајќи ја потребата од носење на законот истакна дека со …

Continue Reading