ФБИ заплени неверојатна колекција на мотоцикли

Федералното биро за истраги (ФБИ) објави дека запленило голем број мотоцикли со проценета вредност од околу 40 милиони долари, во рација во Мексико. Неверојатна колекција мотоцикли, вклучувајќи завиден број мотори од Мото ГП, беше запленета во Мексико. Меѓу нив, меѓу другите, се и мотоцикли што ги возеле Валентино Роси и Хорхе Лоренцо. Во понеделникот, ФБИ покажа колекција од запленети мотоцикли …

Continue Reading

Мили Боби Браун: Плачев секој ден поради написите во медиумите за мојот изглед

Мили Боби Браун, 21-годишната ѕвезда од серијата „Stranger Things“, проговори за тоа како суровите медиумски наслови и коментари за нејзиниот изглед влијаеле врз неа. Таа призна дека написите за пластична хирургија толку многу ја скршиле што плачела секој ден. Порано оваа година, младата актерка јавно критикуваше неколку новинари, тврдејќи дека станала цел на злоупотреба. Во видео објавено на Инстаграм во …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Филипче зборува за сиромаштија, а оди на зимување во Дубаи

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција остро го критикуваше Венко Филипче, обвинувајќи го за лицемерие и двојни стандарди. Манасиевски изјави дека, додека Филипче во јавноста зборува за тежок живот, ниски плати и економски проблеми во државата, паралелно заминал на зимување во Дубаи – една од најскапите дестинации во светот. Претходно, како што рече, Филипче летувал …

Continue Reading

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. Засега нема повеќе информации како се превртела цистерната и дали има повредени. „Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање …

Continue Reading

Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец

52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца. Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот …

Continue Reading

Тешко повреден охриѓанец пронајден во паркирано возило кај струшкото село Ливада

Во струшката полиција вчера било пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, на локален пат во струшкото село Ливада, со повреди по телото бил пронајден Џ.Д.П. (40) од Охрид. Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница Струга, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Од полицијата информираат дека се преземаат …

Continue Reading

Џирона го сака Тер Штеген

Џирона размислува да повлече сензационален потег во зимскиот преоден рок. Клубот сака да се обиде да го ангажира Марк-Андре тер Штеген. Иако станува збор за исклучително сложена операција, клубот е подготвен да направи сè за да ја истражи дури и најмалата шанса за реализација на овој трансфер. Клубот итно има потреба од ново име на голманската позиција, а германскиот репрезентативец, …

Continue Reading

Угостител во Скопје работел и покрај забраната, обвинителството бара меркa на претпазливост

Обвинителството поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат. Осомничениот е сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за вршење на дејност, што било истакнато и на влезната врата на објектот. Меѓутоа, тој …

Continue Reading

Ландо Норис: Пораката на Кејси Стонер ми ја донесе титулата

По девет години во Мекларен, Ландо Норис конечно ја освои титулата светски шампион во Формула 1. Британецот признава дека поддршката од неговите колеги и легенди на мотоспортот во клучните моменти била клучна. „Кога бев во најлоша состојба, Кејси Стонер ми ја испрати пораката: „Верувај во себе и направи го тоа“, и тоа навистина ми помогна“, рече Норис, истакнувајќи ја важноста …

Continue Reading