Тепачка во трговски центар во Аеродром: 16-годишник со тврд предмет нападнал негов врсник

Шеснаесетгодишно момче нападнало врсник со тврд предмет во трговски центар во Аеродром. Според информациите на МВР, вчера 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и …

Continue Reading

Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, соопшти владината прес-служба. На средбата, беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна …

Continue Reading

Не помина предлог-законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство

  Владејачкото мнозинство не го поддржа педлог-законот за измена и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство. За предлогот на СДСМ гласаа 20 опозициски пратеници. Од СДСМ по гласањето соопштија дека „уште еднаш се потврдило дека ВМРО-ОКГ е партија полна со функционери со бугарски пасоши“. „Одбија да …

Continue Reading

Лукаревска: Семејствата сами се борат за лекови, СДСМ предлага проширување на позитивната листа

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување. Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала. …

Continue Reading

Oфицијален пречек на претседателката Сиљановска-Давкова во Словенија

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Љубљана беше пречекана од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Претседателките одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словенечката делегација. Предмет на разговорот беа билатералните односи, македонската европска интеграција, актуелните геополитички состојби, безбедносната архитектура на Западен Балкан и улогата на …

Continue Reading

САД добија ревидиран ирански предлог за прекин на војната

Пакистан им предаде на САД ревидиран ирански предлог за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, потврди пакистански извор за „Ројтерс“, додека мировните преговори се чини дека остануваат во застој. „Немаме многу време“, рече изворот кога беше прашан дали ќе биде потребно време за да се намалат разликите, додавајќи дека двете земји „постојано ги менуваат своите услови“. Американскиот претседател, Доналд Трамп, …

Continue Reading

(Видео) „Уште еднаш ви се извинувам што одев во Барселона“

Легендата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, влчера, имаше емотивно збогување со навивачите. Најдобриот стрелец во клупската историја, го одигра последниот натпревар пред домашната публика. На отворањето на „Метрополитано“, во 2017 година Гризман го постигна првиот гол. Во претпоследното 37-мо коло од шпанската Ла Лига, Атлетико ја победи Џирона со 1:0 во Мадрид. Антона Гризман му асистираше на Адемола Лукман во …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Петер Маѓар најавува истрага за 4iG во Унгарија – Вучевиќ во Скопје за спас на пропагандната машинерија на ВМРО и СНС

Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, престојуваше во Македонија. Вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ и средбата со Христијан Мицкоски е спасување на медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации – СНС и ВМРО-ОКГ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Видовме партиски состанок на којшто присуства и Адамовиќ, почесниот конзул …

Continue Reading

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница. Во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против …

Continue Reading