Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол

Полициски службеници на целата територија на државата вчера лишија од слобода десет возачи, од кои осуммина поради возење без возачка дозвола, двајца поради управување со возило со активна мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и еден поради возење под дејство на алкохол. Од МВР информираат дека двајца возачи се лишени од слобода во Тетово, а по еден …

Continue Reading

Скопјанец со нож тешко ја повредил 17-годишната девојка со која живеел во вонбрачна заедница

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и вонбрачен живот со дете. Тој, на 14.02.2026 околу 18 часот …

Continue Reading

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се регистрирани поплави и свлечишта во повеќе региони во државата. Во кичевскиот регион, во текот на ноќта, обилните врнежи предизвикале излевање на Зајашка Река на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Евакуирани се околу 180 лица, кои …

Continue Reading

За да го измамат Безбеден град ги криеле табличките, полицијата ги приведе

Полицијата лишила од слобода  двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје. МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик. …

Continue Reading

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по обилните врнежи во изминатите 24 часа кои предизвикаа нагло полнење на речните корита. Според најавите, состојбата може дополнително да се влоши во текот на денот. Од Секторот за хидрологија информираат дека во Полошкиот регион, особено во горниот дел од сливот …

Continue Reading

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир. Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан. – Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, …

Continue Reading

Одронот кај село Колари е отстранет

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран  претпладне во 10:30 часот, откако екипи на ЈП „Македонијапат“ го отстраниле одронот кај село Колари што го блокираше патот од 5.40 часот изутрината. На патниот правец село Лисец – Попова Шапка, каде во 05:45 часот …

Continue Reading

Од вторник заладување со пообилни врнежи од дожд и снег

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа …

Continue Reading

(Видео) Драма по дербито на Италија – Од Јувентус побараа оставки

Интер го победи Јувентус со 3:2 во Милано во спектакуларното дерби на Италија. Натпреварот беше засенет од исклучувањето на Пјер Калулу и бурните реакции на гостите по натпреварот. Интер и Јувентус приредија уште еден возбудлив судир, а победата ја извојува домашниот тим од Милано (3:2), со голот на Пјотр Зјелински во 90-та минута. Клучниот момент се случи во 42-та минута …

Continue Reading