Ѓорѓиевски: Од пролет започнуваме со реализација на клучните капитални проекти за поголемо достоинство на сите скопјани

Градежните активности се одвиваат во полн ек, речиси насекаде низ градот, како јасен доказ дека дадениот збор, станува дело, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Со силна динамика и јасна визија, продолжуваме да ја модернизираме инфраструктурата и да создаваме услови достојни за граѓаните. Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од најважните сообраќајни …

Continue Reading

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти се игнорираат нивните барања минималната плата да се зголеми на 600 евра и сите останати за 100 евра, а најави и одлука за генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и денес објасни …

Continue Reading

Финскиот министер за одбрана: Русија ги зајакнува своите воени капацитети на Арктикот

Русија го интензивира своето воено присуство на Арктикот и гради нови воени објекти по границата со Финска, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен. Тој истакна дека безбедноста на тој регион е од клучно значење за стабилноста на Европа и дека европското нуклеарно одвраќање не може да го замени НАТО. Во интервју за „Јуроњуз“ на маргините на Минхенската безбедносна конференција, …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност: потенцирана важноста на едукативната и педагошката работа

По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова. За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност …

Continue Reading

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги …

Continue Reading

Швеѓанец ја принудувал сопругата на сексуални односи со повеќе од 120 мажи: таа самата го пријавила

Маж од северна Шведска е осомничен дека ја експлоатирал својата сопруга и организирал давање сексуални услуги со неа за најмалку 120 мажи, а против него ќе биде покренато обвинение за тешко подведување во март, објави денес шведското обвинителство. Според обвинителката Ида Анерстед, осомничениот, кој е во шеесеттите години, е во притвор од октомври, откако жената го пријавила случајот во полиција. …

Continue Reading

Објавени сите досиеја на Епстин: на ​​листата повеќе од 300 имиња на познати личности

Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се објавени и дека во овие документи се наведени повеќе од 300 имиња на познати личности. Пам Бонди тврди дека никакви записи поврзани со истрагата за Џефри Епстин не се објавени „поради срам, повреда на угледот или политичка чувствителност“, објави „Фокс њуз“. Во писмо …

Continue Reading

Франческо Тоти се враќа во Рома

Легендата на Рома, Франческо Тоти, потврди дека е во преговори за враќање на Олимпико, во улога на директор. Клаудио Раниери, спортскиот директор Рики Масара и тренерот Џанпјеро Гасперини веќе разговарале на оваа тема. Сега, за прв пат, поранешниот капитен на Рома даде изјава, по повод неговото враќање во клубот. „Отсекогаш сум бил навивач на Рома и за мене Рома е …

Continue Reading

Брнабиќ: Вучиќ не кажа ниту еден лош збор за Шекеринска

Меѓународната секретарка на СНС, Ана Брнабиќ, денес изјави дека соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за српскиот претседател Александар Вучиќ е срамно и истакна дека Вучиќ не кажал ниту еден лош или несоодветен збор за заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, пренесуваат српските медиуми. Според написите, по повод обвинувањата од најголемата опозициска партија во Северна Македонија, Социјалдемократскиот сојуз …

Continue Reading