Загина 49-годишен кумановец: во несреќа помеѓу возило и мотоцикл

Вчера околу 12:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт. Полицијата соопшти дека …

Continue Reading

Граѓаните ќе даваат лична согласност за дарување органи по смртта, Собранието го донесе законот за органодарителство

Собранието со 58 гласа „за“ и шест „против“, по скратена постапка, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Измените предвидуваат воведување лична изјава кај матичен лекар за дарување органи по смртта, со што се напушта досегашниот модел на претпоставена согласност. Граѓаните ќе имаат можност сами да се …

Continue Reading

Иран му порача на Макрон: Не се мешај во прашањето за Ормускиот теснец

Иран го отфрли предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за меѓународна соработка околу Ормускиот теснец, предупредувајќи го Париз да не се меша во прашањата што се однесуваат на еден од стратешки најважните морски премини во светот. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, ја отфрли идејата дека група земји, вклучувајќи ги Франција и Велика Британија, учествуваат во деминирањето на …

Continue Reading

Се одложува предавањето на Алиса Жулина на КРИК фестивал

Oдложено е предавањето „Театар на капиталот – модерната драма и економски живот“ со Алиса Жулина, кое беше предвидено да се одржи вечерва (30 јуни) на програмата на КРИК – Фестивал за критичка култура. „Добивме известување од Алиса Жулина дека, поради здравствени причини, не е во можност да го одржи предавањето. Жалиме што нема да имаме можност да го реализираме овој …

Continue Reading

Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал и дефектолози во основните училишта

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагира откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите …

Continue Reading

Песков: Русија размислува за увоз на гориво со цел да го стабилизира домашното снабдување

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека какви било договори за увоз на гориво по прифатливи цени би претставувале дополнителен чекор кон стабилизирање на рускиот пазар. „Доколку се постигнат договори за снабдување со гориво по прифатливи цени, тогаш тоа ќе се случи. Тоа ќе биде уште еден чекор кон стабилизирање на пазарот“, рече портпаролот на Кремљ, објави ТАСС. Според …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Поткуп се давал за побрз преглед, болнички кревет и операција без чекање, покажа истражувањето на ЕСЕ

Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа …

Continue Reading

(Видео) Вишинска: СДС во Центар крати пари од проекти, за да враќа долгови на Жерновски

Марина Вишинска, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека не е важно кој од СДС ја води Општина Центар, Општина Центар, како што појасни, крати пари од сите програми кои значат развој, за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДС во Центар. Според неа, додека центарци очекуваат повеќе …

Continue Reading

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република Северна Македонија …

Continue Reading