(Видео) Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен …

Continue Reading

Делови од Шуто Оризари утре без вода

Поради нов водоводен приклучок од ф -500/150 на ул. Плачковица бб.нас.( Шуто Оризари) со прекинато водоснабдување утре 02.07.2026 година ( четврток ) ќе бидат корисниците од ул. Индира Ганди горниот дел во нас. Шуто Оризари до Гробишта. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, соопшти Центарот за управување со кризи.

Continue Reading

Tрамп за крипто заработката: Заработив многу пари пред да станам претседател

Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигитални средства кои имале корист од неговите политики, објавува Ројтерс. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до Канцеларијата за владина етика на САД откриваат дека неговите компании добиле …

Continue Reading

Министерство за животна средина: Завршено уредувањето на коритото на „Мала Рада“, нов модерен и безбеден јавен простор за граѓаните

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваа на настанот по повод успешното завршување на проектот за уредување на речното корито на водотекот „Мала Рада“ во општина Кисела Вода. Во своето обраќање, Мицкоски, истакна дека овој проект е уште еден …

Continue Reading

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата. Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го блокираме Изборниот законик во ваква форма

СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е …

Continue Reading

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја започнаа заедничката кампања „Вози одморен“: Одморен возач е најдобрата превенција за безбедно патување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“. Кампањата има …

Continue Reading

ДПМНЕ свесно го минира Изборниот законик, за Левица да биде дискриминирана и замолчена, велат од оваа партија

Предлог-изборниот законик што ДПМНЕ се обидува да го протурка претставува опасен обид за ограничување на демократскиот простор и зачувување на изборното статус-кво кое со години им одговара на големите партии, ситакнуваат од Левица. Според нив, една од скандалозните новини е и членот 76-ѓ, со кој се предвидуваат глоби до 8.000 евра за содржини објавени на социјалните мрежи за време на …

Continue Reading

Николоски од Струмица: Градиме крупна инфраструктура, работиме и на планот за изградба на експресен пат Радовиш-граница со Бугарија

Работиме на изградба на огромен проект во село Просениково, проект за атмосферска канализација која треба да го реши проблемот за околу 1700 жители во Просениково. Дополнително се работи и на други комунални проекти во Босилово и Василево, финансирани од буџетот на Министерството за транспорт, истанка денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на …

Continue Reading