(Видео+ Фото) Грчки воен авион „Ф-16“ се запали за време на летот: изврши итно слетување на Закинтос

Грчкиот воен авион „Ф-16“ се запали за време на летот, по што беше принуден да изврши итно слетување на аеродромот на грчкиот остров Закинтос. Според локалните медиуми, авионот слетал на меѓународниот аеродром Закинтос додека пламените јазици сè уште биле видливи, а пожарот потоа се проширил на пистата. Снимките од местото на настанот го покажуваат авионот во пламен, додека противпожарните екипи …

Continue Reading

„Фајненшл тајмс“: Новиот систем за влез во ЕУ е одложен поради хаосот со граничните контроли

Имплементацијата на новиот онлајн систем за претходно одобрување на влез во ЕУ очигледно е одложена до следната година, откако хаотичното воведување на посебен електронски систем за гранични проверки го попречи патувањето во Унијата, пишува „Фајненшл тајмс“. Преку Европскиот систем за информации и авторизација на патувања (ETIAS), патниците на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ, вклучувајќи ги …

Continue Reading

Мицкоски до опозицијата: Кажете што сакате, ставете го на хартија и ние ќе го прифатиме, само да биде содржано гласањето на дијаспората

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, ја повика опозиција да се договори за Изборниот зкаон и рече дека власта ќе го поддржи секој нивен предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората. „Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до …

Continue Reading

Јаневска: со владина поддршка од 7 милиони евра, се унапредува образовната инфраструктура во Битола

Во битолската населба Буковски Ливади се изведуваат активности за адаптацијата на објект кој до крајот на годината ќе стане ново подрачно училиште на ОУ „Коле Канински“. Станува збор за инвестиција вредна 31 милион денари која ја реализира локалната самоуправа со поддршка од Владата. Денес увид во градежните работи извршија премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и …

Continue Reading

Мицкоски: Финансиски стоиме многу подобро од кога било

Финансиски стоиме многу подобро од кога било, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, при неговата посета на Општина Битола. „Од страна на одредени политички сили во државата, ќе се шири бран на негативна енергија. Тоа впрочем се случува две години, се сеќавате ќе банкротиравме 2024, па не тогаш, еве преживеавме. Па 2025 ќе банкротиравме, не банкротиравме. Еве сега 2026 ќе сме банкротирале, …

Continue Reading

Почна и веднаш се одложи судењето на серискиот убиец од Куманово: адвокатот му откажа оти не призна вина, како што му советувал

Во тензична атмосфера и со чудно однесување на обвинетиот, денес во Кривичниот суд во Куманово почна судењето на 25-годишниот Трајко Бојковски, кој одговара за четири свирепи убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион. Случајот, кој обвинителството кажа дека е досега незабележан во судската пракса, заглави уште на првото рочиште. Драган Трајковиќ, адвокатот на обвинетиот, се …

Continue Reading

Од возило во движење фрлена бомба врз ресторан во тетовско, повредени две лица

Две лица се повредени во експлозија што настанала од фрлена рачна бомба во ресторан во тетовското село Добарце. Вчера во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце, тетовско пријавил дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото. Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се …

Continue Reading

Лекот „Фостер“ ќе чини 280 денари

Преку проширување на Позитивната листа и воведување генеричка конкуренција, Фондот создава услови за пониски цени, поголема достапност на лековите и поефикасно користење на јавните средства, изјави директорот на ФЗОМ, Сашко Клековски. Тој кажа дека во одредени терапевтски групи, цените на лековите во Македонија сè уште се повисоки во споредба со дел од земјите во регионот. Покрај објективните ограничувања што произлегуваат …

Continue Reading

Генералниот секретар на Интерпол во посета на Полициската академија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ја посетија Полициската академија при Министерството за внатрешни работи во Идризово. Во рамки на посетата, генералниот секретар Уркиза и помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски се обратија пред кадетите, раководството на Министерството и претставниците на Академијата, при …

Continue Reading