(Видео) Драма во Осиек, селекторот на младата турска селекција се струполи крај клупата

Натпреварот помеѓу фудбалскiите репрезентации до 21 година на Хрватска и Турција беше прекинат откако турскиот тренер се струполи на теренот. Сè се случи во 35-та минута од квалификацискиот натпревар за Европското првенство, што се игра во Осиек, кога турскиот селектор Егемен Коркмаз се струполи, а по неколку минути беше утврдено дека ситуацијата е стабилна. 🚨 U21 Milli Takımı’nda Demir Ege …

Continue Reading

Сѐ поголем број европски земји одбиваат да ѝ помогнат на Америка

Франција и Италија ѝ се придружија на Шпанија во забраната за користење на нивната инфраструктура за американско-израелски воени операции, изјавија извори за Ројтерс. Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше европските сојузници поради одбивањето да учествуваат во војната што САД ја водат со Израел против Иран. Одлуката на Франција и Италија доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и …

Continue Reading

Тотенхем има нов тренер

Фудбалскиот клуб Тотенхем најде замена за Игор Тудор, кој неодамна беше отпуштен по само 43 дена на клупата. Како што потврди добро информираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Тотенхем ќе го преземе Италијанецот Роберто де Зерби, до неодамна тренер на француски Марсеј. Де Зерби се раздели со францускиот клуб на 11 февруари, по дебаклот во дербито против Пари Сен Жермен од …

Continue Reading

Трамп: Го уништуваме Иран, но нема долго да останеме

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Њујорк пост“ дека верува оти војната во Иран наскоро ќе заврши и дека други држави можат сами повторно да го отворат Ормускиот теснец. Трамп тоа го изјави откако на социјалните мрежи објави снимка од големи експлозии кај Исфахан, за кои тврди дека погодиле „многу нешта“. „Нема да бидеме таму уште долго. Во моментов ги …

Continue Reading

„Исто дело, различна казна“: Санчез остро го критикува новиот закон на Израел

Педро Санчез им се придружи на европските лидери во осудата на законот што вчера го донесе Кнесет, со кој се воведува смртна казна за Палестинци од Западниот Брег осудени за смртоносни терористички напади. Во објава на X, Санчез го нарече законот „асиметрична мерка која не би се применувала на Израелците кои ќе ги извршат истите кривични дела“. „Исто дело, различна …

Continue Reading

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека не воведува нови даночни обврски за студентите, ниту пак бара оданочување на веќе оданочени суми, реагирајќи на објавите во дел од медиумите дека студентите се „на удар“ поради летна работа во Германија. Од УЈП појаснуваат дека нивните активности се насочени кон воспоставување ред во оданочувањето и еднаква примена на законските правила, а не …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова со Милатовиќ: Скопје и Подгорица се пример за добрососедство, ЕУ патот мора да биде по еднакви стандарди

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ порача дека двете држави се „извонреден пример на регионално добрососедство“ и дека средбата дополнително ја зацврстува довербата меѓу нив. Таа истакна дека посетата се случува во пресрет на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави, но и 20 години од добивањето на кандидатскиот статус на земјава за Европската …

Continue Reading

Пратениците од ЗНАМ предлагаат со мотоцикл да може да управува лице кое има возчка дозвола од Б категорија

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија со поддршка од пратеници на владиното мнозинство до собраниските служби во Собранието достави Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка. Новото решение ќе овозможи возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од …

Continue Reading

Парламентарен дијалог и билатерални односи: претседателот на Црна Гора во посета на Собранието

Собранието денеска беше домаќин на Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора, во рамките на неговата официјална посета на нашата земја, со која се потенцира важноста на парламентарниот дијалог и регионалната соработка. Посетата започна со тет-а-тет средба во Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, каде се разговараше за актуелните регионални прашања и можностите за продлабочување на билатералната соработка. По завршувањето …

Continue Reading