Мицкоски за епидемијата во Гостивар: На потег е обвинителот, а морална одговорност треба од сите, од прв до последен
За епидемијата во Гостивар со над 1200 заболени граѓани освен кривична, премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има и морална одговорност која би тргнала од градоначалникот па надолу. Владата и Институтот за јавно здравје, според премиерот, презеле сè што требало да се преземе. „Ние како институции во рок од два дена сè завршивме. Утрово бев брифиран од Институтот за …
Continue Reading
До петок променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ повторно покажаа дека колку полошо за Македонија, толку подобро за нив
Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврдува вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е, како што рече на прес-конфренција, колку полошо за Македонија, толку подобро за нив. „Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 …
Continue Reading
(Видео) Стојкова Серафимовска: 1,071 милијарда денари за култура и буџет за туризмот повисок за над 200 проценти
По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во …
Continue Reading
Луис де ла Фуенте творецот на златната шпанска генерација
Луис де ла Фуенте ја предводеше Шпанија до титулата светски шампион две години откако стана европски шампион со националниот тим. Шпанија, под негово водство нема пораз на 38 последователни официјални натпревари, а 65-годишниот тренер ги смири сите критичари кои се соменваа во него кога во 2022 година беше именуван за селектор. Де ла Фуенте ја изгради Шпанија како тим кој …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Синоним за Филипче е хаос во здравството, нема кредибилитет да говори за здравствениот систем
Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал. Кога Филипче зборува …
Continue Reading
(Видео) Поповиќ: СДСМ бара одговорност од Клековски, пет дена се криела вистината за труењето во Гостивар, институциите дозволија епидемијата да ескалира
Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата, истакна денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ. Таа додаде дека епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувнала преку ноќ. „Таа се развиваше со денови пред очите на …
Continue Reading
Алекс Баена во две години ги освои триста најзначајни титули во репрезентативниот фудбал
Шпанската фудбалска репрезентација доминантно го освои Светското првенство, триумфот на „црвената фурија“ донесе и индивидуален подвиг што ќе се памети со генерации. Алекс Баена влезе во историјата како првиот фудбалер што ги освои трите најголеми репрезентативни натпреварувања, Европското првенство, Олимписките игри и сега Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид комплетираше неверојатна колекција трофеи за само две години, …
Continue Reading
Шпанците го освоија Мундијалот, сега треба да си ги исполнат ветувањата
Шпанија ја освои титулата светски првак, втор пат во својата историја. Шпанците, во Њу Џерси, во финалето на 23-то Светско првенство, ја победија Аргентина, по продолженијата со 1:0. Голот вреден светска титула го постигна Феран Торес во 106-та минута. Откако го освои Светското првенство со Шпанија, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се пошегува на прес-конференција, го потсети Марк …
Continue Reading