Малолетничка претепана од нејзината мајка и очувот

Малолетничка побарала помош од полицијата и пријавила дека била претепана од нејзината мајка и очувот. Имено според полицијата, синоќа во 23:45 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода А.А.(36) и С.А.(31), двајцата од Прилеп. Според пријавеното, во ОВР Ресен малолетничка побарала помош затоа што била физички нападната од нејзината мајка С.А. и очувот А.А. по …

Continue Reading

Секој приход од издавање на сместувачки капацитети подлежи на оданочување: во екот на летната туристичка сезона УЈП со засилени активности

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи, информираат од таму, спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети …

Continue Reading

Пијан 38-годишен велешанец ја тепал мајка си, полицијата го уапси

Полицијата вчера го упаси 38-годишниот Т.Р. од Велес откога неговата 62 – годишна мајка пријави насилство. „Физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 …

Continue Reading

Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево, Пласница, ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжуваат да ја трујат Македонија, велат од СДСМ

И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност, реагираат од СДСМ. Од партијата прашуваат дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника. „Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. …

Continue Reading

Уапсен 26-годишник за силување дете, живеел во вонбрачна заедница со малолетничка иако знаел дека нема наполнето 15 години

Полицијата од Радовиш  до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. „Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата …

Continue Reading

Пронајдени цревни бактерии: водата во Дворци, Општина Пласница, не е безбедна за пиење

Месната заедница на село Дворци, населено место во Општина Пласница, известува дека водата во селото е санитарно неисправна за пиење. Оваа констатација, се додава во соопштението е потврдена со Извештај од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој утврдил дека водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без …

Continue Reading

Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одржа работна средба со претставници на винарии членки на здружението „Вина од Македонија“, како и со претставници на други поголеми винарии. На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици во секторот, како и за потребата од координиран пристап меѓу институциите и винарската индустрија. Серафимовски ја истакна подготвеноста на Министерството за земјоделство, …

Continue Reading

Божиновска: Македонскиот рубин како автентично минерално богатство заслужува да биде достојно претставен пред светот

Од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини соопштуваат дека по значајниот исчекор што министерството го има направено со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на …

Continue Reading

Со 4,7 милиони денари почна реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денес е во работна посета на Општина Зрновци каде почна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ , кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу …

Continue Reading