Финска на чекор до воведување на трет пол
Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не се сметаат себеси ниту за жени ниту за мажи. Доколку законот биде усвоен во финскиот парламент, секое лице ќе може слободно да избере дали да се регистрира кај државните органи како жена, маж или како трета опција. Граѓанската иницијатива „Постоиме“ …
Continue Reading
Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран
Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес Црвениот крст. Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) соопшти дека пратката влегла во земјата во недела, додека Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) ја доставил својата помош вчера, објавува Euronews. Конвојот камиони, кој тргна од …
Continue Reading
(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика
Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор на кој Давидовата ѕвезда беше заменета со нацистичка свастика. Беркович го обвини Израел дека е „нов Трет рајх“ и дека извршил геноцид во Газа, пишува Notes from Poland. Беркович е член на Конфедерацијата (Konfederacja), крајно десничарска опозициска група која има …
Continue Reading
Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како
САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк пост“. Изјавата доаѓа додека разговорите продолжуваат тивко откако американската делегација ги заврши маратонските преговори минатиот викенд без да постигне договор. „Видете, работите се движат, но, знаете, доста бавно“, рече Трамп во телефонски разговор. „Работите се движат, но не мислам дека …
Continue Reading
СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца
Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението на Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. „’Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и …
Continue Reading
Цените на нафтата паднаа под 96 долари
Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат тензијата во Ормутскиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по 3,67 долари пониска цена од вчера за 95,69 долари. На американскиот пазар, беше за 5,89 долари поевтина и …
Continue Reading
Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец
Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не успеал да ја пробие блокадата. Командата на американските сили (Centcom) објави дека повеќе од 10.000 лица од морнарицата и воздухопловните сили учествуваат во операцијата, заедно со повеќе од десет воени бродови и десетици авиони. Според нивните тврдења, шест трговски бродови …
Continue Reading
Утре претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура …
Continue Reading
Трамп: На Европа очајно ѝ е потребна енергија, Велика Британија треба да дупчи, бејби, да дупчи
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше енергетската политика на Обединетото Кралство во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, велејќи дека со отфрлањето на експлоатацијата на нафта од Северното Море, Европа останува без клучен извор на енергија. „Европа очајно има потреба од енергија, а Велика Британија одбива да ја отвори нафтата од Северното Море, едно од најголемите нафтени полиња …
Continue Reading