Нема злоупотреби во набавката за изградба на модуларните болници, соопшти обвинителството

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на …

Continue Reading

Татко ја нападнал 17-годишна ќерка, син претепан од пијан татко, маж ја нападнал партнерката: пријавени повеќе случаи на семејно насилство

Денеска (20.08.2026) во СВР Штип, 45-годишна жена од Штип пријавила дека во семејниот дом, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко А.Т. (51) од Штип, кој употребил и тврд предмет. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава. Утрово  во 02:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишилр од слобода …

Continue Reading

Муцунски: Потребна е дипломатија која отвора врати и јасно и достоинствено ги штити националните интереси

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно јакнење на …

Continue Reading

Тешко повреден велосипедист по удар од возило

Синоќа околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ …

Continue Reading

Општина Бутел: Нов пракинг и нови пристапни патеки во Скопје Север

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината. Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината. Во …

Continue Reading

Сулејмани во Охрид: средба со културните институции и приоритети за нивниот развој

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и …

Continue Reading

Нема да седиме настрана како кукавици, ако опозицијата бара предвремени избори, ќе одговориме позитивно и ќе победиме, вели Мицкоски

Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите коишто ги води оваа Влада, рече денес премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Амбасадорскиот совет, но сепак остави можност да одговорат на предизвикот за предвремени избори ако опозицијата инсистира на тоа. „Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, …

Continue Reading

Ферати – Памер: Градењето доверба, приоритет за мултиетничко и мултиконфесионално општество

Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи. На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба …

Continue Reading

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста …

Continue Reading