Сончево и многу топло, попладне на места пороен дожд и грмежи
Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска. Попладне на места се очекува зголемена облачност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 32 …
Continue Reading
(Видео) Еспи погоди во 90-та минута за триумф на Реал кај Еспањол
Реал Мадрид го победи Еспањол со 2:1 на гостински терен во својот прв натпревар од новата сезона во Ла Лига. Ова беше првиот официјален натпревар на Жозе Мурињо по враќањето на клупата на Реал, 13 години по завршувањето на неговиот прв мандат. Херој на победата беше Карлос Еспи, кој постигна гол во 90-та минута за конечни 2:1. Реал поведе во …
Continue Reading
Баерн во Дортмунд го освои германскиот Супер куп
Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија германскиот Суперкуп наречен „Франц Бекенбауер“, откако во финалето славеа над Борусија во Дортмунд со 2:1 (2:0). Натпреварот се играше на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но дури ни тоа не ѝ помогна на Борусија да избегне уште еден пораз во дуелот против баварскиот гигант. Екипата на Винсент Компани повторно демонстрираше поголем квалитет од својот …
Continue Reading
Охрид го одбрани трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“
Домаќинот Охрид го освои трофејот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Во финалето, Охрид го победи Вардар со 29:27 (12:10). Првиот дел од финалето мина во израмнета игра, се играше гол за гол, а ниту еден тим се до финишот на првото полувреме немаше предност поголема од еден гол. Охриѓани подобро влегоа во вториот дел, во 40-та минута стекнаа предност од …
Continue Reading
Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот стигнал до дворовите
Големиот пожар што избувна денеска околу пладне и се прошири кон Струмица, односно до месноста Софилар, е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот е под контрола на потегот од селата Водоча и Баница до месноста Софилар. Активен останува само на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето, покрај струмичките пожарникари, учествувале …
Continue Reading
Брентфорд го декласира Тотенхем
Фудбалерите на Брентфорд го надиграа и убедливо го поразија Тотенхем со 3:0 (2:0) во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Тимот на Роберто Де Зерби донесе многу скапи нови играчи во текот на летото, но ниту еден од нив не се покажа како засилување во првото коло. Спарс буквално беа разбиени од Брентфорд. „Пчелките“, одигра феноменален натпревар, победата …
Continue Reading
Трагичен крај на потрагата по малиот авион во Хрватска: загинаа двајца германски државјани
Двајца германски државјани загинале во падот на мал авион на подрачјето на Велебит, потврди Агенцијата за истрага на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај. Станува збор за продолжение на вчерашната информација за исчезнатиот авион, со кој бил изгубен контакт за време на летот од Чешка кон Задар. Несреќата се случила вчера околу 16:14 часот, кога се урнал авионот „Diamond …
Continue Reading
Тошковски: ЕБР е еден од столбовите на безбедносниот систем на Македонија
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување …
Continue Reading
(Видео) Ваков гол ретко се гледа – Магија на Доминик Балард
Иако сезоната низ Европа штотуку започна, веќе добивме еден од кандидатите за наградата „Пушкаш“. Во натпреварот од 2. коло од англискиот Чемпионшип, Бирмингем и Бристол, видовме чиста мајсторство во режија на Доминик Балард. Напаѓачот на гостинскиот тим успеа да ја смести топката во мрежата со удар со петица што ги побива сите закони на физиката. Дојдовниот центаршут од левата страна …
Continue Reading