Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, им нареди на стотици генерали и адмирали итно да се соберат во базата на морнаричкиот корпус во Вирџинија следната недела, но причината за состанокот е во тајност, предизвикувајќи конфузија и загриженост во воените кругови по серијата преуредувања што ги спроведе администрацијата на Трамп. Пентагон покани воени претставници од целиот свет, а дури и …
Continue Reading
Отворен конзулат на Казахстан во Куманово
Претставници од Општина Куманово, предводени од претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска присуствуваа на свеченото отворање на конзулат и инаугурација на Почесниот конзул на Република Казахстан во Куманово, Ејуп Абдулахи. На пригодниот настан присуствуваа претставници од високи државни институции во земјава, од дипломатскиот кор, амбасадори и претставници од бизнис секторот. Пред присутните се обрати претседателката на Советот …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова во Њујорк: Младите мора да бидат наши партнери во реформирањето на ОН
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на сесијата посветена на 30 годишнината од Светската програма за млади, што се одржа во рамки на 80. Генерално собрание на ОН. Таа укажа на потребата младите генерации да добијат заслужено место во оформувањето на иднината на Обединетите нации и ја потенцираше важноста на стратегијата Youth2030 како основа за активно, а не само симболично вклучување …
Continue Reading
Словенија го прогласи Нетанјаху за персона нон грата, му забрани влез во земјата
Владата во Словенија на својата седница го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за непожелна личност и му забрани влез во земјата, што, според државната секретарка во Министерството за надворешни работи Нева Грашиќ, следува по мерките што веќе се преземени против двајца екстремистички израелски министри, Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич, кои беа прогласени за персона нон грата во јули. „Јавноста е …
Continue Reading
Медведев: „Зеленски е наркоман и изрод“
Поранешниот руски претседател и висок функционер на Кремљ, Дмитриј Медведев, упати уште една закана со нуклеарно оружје откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите во Москва треба да знаат каде е нивното најблиско засолниште од бомби ако не ја прекинат војната во Украина, според светските медиуми. Зеленски во интервју за „Аксиос“ изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ги …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, крвнички тепаат странци во Струмица
Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС …
Continue Reading
НОВ АСФАЛТ НА „ДЕЈАН ВОЈВОДА“, „САТЕСКА“ И „ПЕТАР ПОП АРСОВ“
Со финансиска поддршка на Општина Охрид , денеска се асфалтираа околу 1 700 м2 од улица „Дејан Војвода“. Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“. Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина …
Continue Reading
Дурмиши-Колумбија: Ќе обезбедиме поддршка на женското лидерство, младите и социјалниот развој
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Обединетите нации, вклучително и ресорните министерства, преку заеднички проекти и активности кои имаат за цел унапредување на економскиот и социјалниот развој. Фокусот на разговорот …
Continue Reading
Општина Гевгелија продолжува да биде локална самоуправа со висок индекс на активна транспарентност
И во 2025 година, Општина Гевгелија ја потврдува својата определба за отвореност и отчетност кон граѓаните, рангирајќи се високо на листата на институции со активна транспарентност. Според најновиот Извештај за индекс на активна транспарентност, кој произлегува од редовен мониторинг на институциите спроведен од страна на Центарот за граѓански комуникации, Гевгелија е рангирана на 20. место на национално ниво, со висока …
Continue Reading