Утре сончево и многу топло, максималните температури до 41 степен, од недела заладување
Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево …
Continue Reading
Мелони признава: Не очекував дека работите со Трамп ќе се одвиваат вака
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес изјави дека очекува соработката со американскиот претседател Доналд Трамп да биде полесна поради нивните слични политички ставови, но дека тоа не се случило на долг рок откако Трамп се сврте против неа поради нејзиното одбивање да ја поддржи војната на САД против Иран. „Јасно е дека мислев дека работите ќе бидат полесни со Доналд Трамп, …
Continue Reading
„Ќе одговориме разорно“ : Иран по најавените најстроги санкции од САД
Иран денес предупреди дека секоја нова закана од САД ќе биде дочекана со „силен и разорно“ одговор, откако Вашингтон ги објави најстрогите санкции досега насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги објави „најстрогите санкции во историјата“ и рече дека САД …
Continue Reading
(Видео) Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Шведска
Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. „Примен е телефонски повик во врска со инцидент што е опасен по живот во училиште во Фагерста. Полицијата пристигна на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата. Suède: plusieurs personnes blessées à coups d’épée dans un lycée, un suspect …
Continue Reading
Турција бара меѓународна потерница по Нетанјаху
Министерството за правда на Турција побара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде ставен на меѓународната листа на барани лица под обвинение за геноцид, објави денес турскиот министер за правда Акин Гурлек. Според него, потребната документација поврзана со барањето е доставена до Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи на Турција. Постапката се однесува на нападот во меѓународни води …
Continue Reading
(Видео) Шест пожари и понатаму активни, сè уште гори во Мариовско, Македонски Брод, Студеничани и во Никуштак
Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 1 е под контрола, а 3 се изгаснати. Активни пожари – 6: Општина Прилеп: во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, гори ниска вегетација. …
Continue Reading
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ во трка за главната награда на Сараевскиот филмски фестивал, „Мала Југославија“ освои награда
Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума се натпреварува за „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, додека серијата „Мала Југославија“ на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од …
Continue Reading
Во земјава нема таблета за дезинфекција на септичките јами, мапирани како високоризични за ширење на западнонилскиот вирус
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките јами како индивидуална мерка што жителите на подрачјата со прогласена епидемија на западнонилска трека можат да ја преземат. Во моментов во земјава нема таблета со која можат да го направат тоа, но министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека во следниот период ќе работат на тоа да се донесе и кај нас. „Една …
Continue Reading
Отворено 17. издание на „МакеДокс“
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 17-то издание беше отворен на 20 август во Куршумли ан со традиционалниот поздрав со кромид в рака од екипата кон публиката, која објектот Куршумли ан го исполни до последно место. Пред почетокот на филмската програма се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков во име на целата екипа на „МакеДокс“. „Од 20 до …
Continue Reading