Шукова: „Во следните 15 месеци – 15 нови паркови и 10.000 садници низ Скопје“
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска истакна дека во рамки на својата програма предвидува зелен развој и обновување на јавните површини низ сите скопски општини. „Локациите се веќе мапирани – дел ќе бидат нови зелени површини, а дел реконструкции на паркови што се во лоша состојба” -рече Шукова. Таа посочи дека покрај парковите, ќе бидат засадени и …
Continue Reading
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото
Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото. Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом. Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил …
Continue Reading
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје
Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
„Дрисла“ со години е извор на загадување и здравствени проблеми за граѓаните: Меџити го најави почетокот на изградбата на заштитната ограда околу депонијата
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинце за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци. Меџити, во придружба на претседателот на …
Continue Reading
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница
Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош. Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од …
Continue Reading
(Видео) Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап. „Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. …
Continue Reading
Гостиварец се возел со фалсификувана возачка дозвола низ Италија, полицијата му ја одзела
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(48) од овој град поради фалсификување на исправа. Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка која ја употребил како вистинска во Италија и која што му била одземена од италијанските власти, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Утре без вода дел од Општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( четврток ) поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Пиринска бр. 45 во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ. ( општина Центар )
Continue Reading
Украинска делегација во САД се сретна со произведувачите на ракетите „Томахок“
Украинска делегација предводена од шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак е во посета на САД, каде се сретна со претставници на компанијата „Рејтион“ (Raytheon), производител на ракетите „Томахок“ (Tomahawk), чие набавување Киев долго го посакува. Делегацијата ја сочинуваат и премиерката Јулија Свириденко, секретарот на Советот за безбедност Рустем Умеров, заменик-министерот за надворешни работи Серхиј Кислиција и амбасадорката во САД …
Continue Reading