Тешка сообраќајна несреќа во Струшко: повредени се неколку лица

Вчера околу 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на локалниот пат за село Подгорци, струшко, на место викано „Орешки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(45) од с.Подгорци, струшко и патничко возило „цитрен саксо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од с.Подгорци, струшко. Во несреќата со тешки телесни …

Continue Reading

Регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР …

Continue Reading

Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми. Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се …

Continue Reading

(Видео) Дејвид Бекам го покажа своето „ново“ лице, луѓето останаа без зборови: „Што е ова, непрепознатлив е“

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам сè уште се смета за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена. Тој често објавува провокативни фотографии од теретана на социјалните мрежи, а неговата сопруга Викторија обично ги прави неговите фотографии. Сепак, овој пат ситуацијата беше малку поинаква. Дејвид беше вклучен во реклама каде што зборуваше за најлесниот начин да се добијат билети за Светското првенство, …

Continue Reading

Синер доби рекет од чисто злато

Јаник Синер доминантно ја одбрани титула на турнирот „Шест кралеви“, во Ријад. Синер за нешто повеќе од еден час го победи најголемиот ривал Карлос Алкараз со 6:2, 6:4. За победата над Алкараз, Синер доби вреден трофеј. Покрај тоа што заработи шест милиони долари, тој од организаторот доби рекет излиен од чисто злато. Бидејќи е целосно направен од злато, вредноста на …

Continue Reading

Возел пијан и предизвикал сообраќајка: уапсен 30-годишник од Крива Паланка

Вчера во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода 30-годишниот С.В. од Крива Паланка. Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека С.В. е под дејство …

Continue Reading

(Видео) Поранешен сојузник на Путин: Рускиот претседател му даде сигнал на Трамп дека е подготвен да ја заврши војната

Протераниот руски олигарх, Михаил Ходорковски изјави дека Владимир Путин му сигнализира на Доналд Трамп дека е подготвен да постигне договор за Украина, но предупредува дека цената на таков мир може да биде отстапување територија на Русија, објави Скај њуз. Појавувајќи се во емисијата „Sunday Morning with Trevor Phillips“, Ходорковски рече дека верува оти секој договор може да вклучува отстапување територија …

Continue Reading

Америка предупредува на „неизбежен“ напад на Хамас врз цивилите во Газа

Американскиот Стејт департмент денес предупреди за „неизбежен“ напад од страна на исламистичката милитантна група Хамас врз палестинските цивили во Газа. „Овој планиран напад врз палестинските цивили би претставувал директно и сериозно кршење на договорот за прекин на огнот и би го поткопал значајниот напредок постигнат од медијаторите“, соопшти Стејт департментот. САД соопштија дека ги информирале покровителите на мировниот план за …

Continue Reading

(Видео) ДИК: На две избирачки места гласањето се одвива без користиње на уредот за биометриска идентификација

Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа избирачко место, се гласа без уредот за биометриска идентификација, известија од ДИК. „Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено без користиње на уредот за биометриска идентификација. Не сакавме да се губи времето, затоа …

Continue Reading