Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за …
Continue Reading
Центар од Ангола ќе го засили Партизан
Кошаркарот од Ангола, Бруно Фернандо кариерата ќе ја продолжи во Партизан, тврди „Спорт клуб“. Партизан од крајот на минатата сезона бара засулување на позицијата пет, како бек-ап за Тајрик Џонс. Бруно Фернандо, сезоната ја започна во Реал Мадрид, но не успеа да се снајде во системот на Серџо Скариоло поради што клубот реши да се раздели со кошаркарот. „Фернандо пристигна …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски е во шок од изборниот резултат, а ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година“, велат од СДСМ. „Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку …
Continue Reading
(Фото) Фаталната манекенка ја покажа својата наследничка: убавицата личи на татка си
Прославената манекенка Алесандра Амбросио воодушеви на црвениот тепих со својата ќерка Ања Амбросио Мазур (17). Мајката и ќерката се појавија на премиерата на „The Secret Agent“ на филмскиот фестивал Браво. Алесандра ретко се појавува со своите деца, па ова беше вистински исклучок, а подоцна нејзиното момче Бак Палмер им се придружи пред фотографите. Ова е воедно и нивно прво појавување …
Continue Reading
Мадуро: Секојдневно сме загрозени од американската империја
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека водат постојана психолошка војна против неговата земја. „Секој ден сме изложени на закани од американската империја, секојдневна психолошка војна. Зборови напред-назад. Тие го стартуваат бродот, тие ја стартуваат ракетата“, рече Мадуро, тврдејќи дека САД бараат промена на режимот во Венецуела. Зборувајќи на настан емитуван од државната телевизија VTV, тој нагласи дека народот …
Continue Reading
Лекари во Газа: Израел испрати непрепознатливи тела со видливи знаци на тортура
Во просторија без ДНК лабораторија и без сопствена комора за ладење, форензичкиот тим на болницата Насер во Газа се соочува со предизвиците што ги носи мирот. Во изминатите единаесет дена, израелските власти вратија 195 палестински тела во Газа во замена за телата на 13 израелски заложници, како дел од прекинот на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп. …
Continue Reading
Македонската филхармонија гостува на престижната сцена на „Музикферајн“ во Виена
Оркестарот на Македонската филхармонија во вторник (28 октомври) ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на прославата на 80 годишнината …
Continue Reading
Масакр во Донецк: Русите погубија пет цивили, застрелаа жена во вилицата, таа преживеа
Руски војници погубија пет цивили во селото Жвановка во Донецката област, објави канцеларијата на регионалниот обвинител. Злосторството, кое се случи на 20 октомври, беше опишано како семеен масакр што потсетува на методите на Гестапо, објавува „Киев пост“. Според извештајот, двојката и нивниот постар син се криеле во подрумот на нивната семејна куќа, додека помладиот син отишол да донесе вода од …
Continue Reading
Нејмар има две опции, во Европа нема да се врати
Иднината на Нејмар веќе некое време е неизвесна, бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината. Во еден момент, медиумите го селеа во Европа, се споменуваше дека може да оди во Серија А, но се чини дека ништо нема да се случи од неговото враќање на Стариот континент. Според каталонски „Спорт“, Нејмар има две опции. Прва опција е …
Continue Reading