Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар. Кејот, како што вели, е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. „Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин. Започнавме голема акција за …
Continue Reading
ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево, велат од Левица
Утре Советот на Општина Пехчево ќе гласа за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево. За ваков објект, кој потенцијално може да биде огромен потрошувач на електрична енергија и вода, јавноста не знае речиси ништо: нема објавен инвеститор, нема податок за потрошувачката на струја, нема податок за потрошувачката на вода, нема информација за потребната инфраструктура, нема анализа …
Continue Reading
Без вода утре делови од општините Центар и Карпош
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат · Поради изведување на водоводен приклучок на улицата 2 бр.2 Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и дел од улицата Козле-висока зона, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите; · поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата Мирче …
Continue Reading
Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас
Техеран денес повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволува нејзината територија да се користи за израелски или американски воени операции против Иран, велејќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. „Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена …
Continue Reading
Кремљ: Киев ги чувствува последиците од нападите секој ден и секоја ноќ
Режимот на Киев ја отвори Пандорината кутија со напади врз руската цивилна инфраструктура и сега се соочува со одмазда секој ден, а тоа ќе продолжи и во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите. Одговарајќи на прашање за нападите со беспилотни летала врз магацините на Озон, тој рече: „Ве упатувам повторно на интервјуто на претседателот Путин од саботата. …
Continue Reading
Собранието со поддршка за Украина: Одбележани 35 години од независноста
Во Собранието денеска се одржа Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. На сесијата се обратија потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, пратеникот Оливер Спасовски, како претставник на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, амбасадорката на …
Continue Reading
Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш М. Бримора, на која беа разменети мислења за актуелните состојби и приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на средбата беа законите од Реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на …
Continue Reading
„Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски“, велат од СДСМ
„Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспорто, услугите. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија“, велат од СДСМ. „Со дизел над 100 денари …
Continue Reading
Вечерва ќе се прска против комарци на критичните подрачја во Кисела Вода
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува редовна акција за дезинсекција. Како што извести градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. „Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места …
Continue Reading