Путин испраќа специјален претставник во САД по санкциите на Трамп
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, е во САД на состанок со претставници на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и специјалниот претставник Стив Виткоф, објавија медиумите денес. Се очекува Дмитриев да се сретне со американски претставници за да „продолжи со дискусиите за односите меѓу САД и Русија“, објави CNN, повикувајќи се на информирани извори. Axios објави дека …
Continue Reading
Птичји грип се шири брзо во Германија
Бројот на случаи на птичји грип во Германија е екстремно нагло зголемен во последните две недели, изјави денес министерот за земјоделство Алојз Рајнер, предлагајќи зголемени заштитни мерки за да се спречи ширењето на вирусот. „Моментално имаме многу жаришта, како кај дивите птици, така и на живинарските фарми“, рече Рајнер, нагласувајќи дека ова не е невообичаено за ова време од годината. …
Continue Reading
Богдановиќ: Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг
Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг, објави поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ. „Чекам денес да се јават сите душегрижници кои коси кубеа за Горан како голем сдсмовец. Истите ги пушти низ вода а посебно подржувачите, членовите и симпатизерите на СДСМ во Центар. Ги пушти низ вода сите што од …
Continue Reading
Министерството за здравство со итни мерки поради зголемениот ризик по здравјето на луѓето од отпадот во Скопје
Министерството за здравство усвои препораки и мерки во врска со актуелната состојба со отпадот во Скопје. Препораки до населението: Да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфициенс за раце после фрлање на отпад); Совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.) Внимателно ракување, селектирање, собирање и …
Continue Reading
Северна Кореја гради музеј во чест на загинатите војници во Русија
Северна Кореја започна со изградба на музеј во чест на паднатите војници кои се бореле за Русија во војната против Украина, објавија државните медиуми. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја предводеше церемонијата за поставување камен-темелник на идниот „меморијален музеј на борбени подвизи во прекуокеански воени операции“ во Пјонгјанг. Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Мацегора, исто така, присуствуваше на церемонијата, …
Continue Reading
Мицкоски со порака до граѓаните: Важно е да излезете да гласате, ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Конче, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 …
Continue Reading
Лабудовиќ: Четири дена пред гласање, Герасимовски се слика со ракавици на рацете како чисти контејнери
Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, упати повик до жителите на неговата општина да му ја дадат довeрбата на 2 ноември да ја води општината во следните четири години. „Време е за промена во Центар. Резултатите од гласањето во првиот круг недвосмислено покажаа опозициско расположение во општината. Близу 2/3 од тие што излегоа на изборните места, гласаа против актуелниот …
Continue Reading
Независниот кандидат во Могила се откажа од изборната трка, ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, објави дека се повлекува од изборната трка. „Драги сограѓани, по внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка. Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на …
Continue Reading
Герасимовски: Собрани три големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери во Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека хигиеничарите на општината со целата механизација при денешното чистење собрале три големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери. „Интензивно чистиме во сите населби во Центар. Од рано изутрина, почнавме со чистење позади Капиштец, Водно, продолжуваме на повеќе локации во Дебар Маало, Кочо Рацин, Пролет позади Даре Џамбаз. Дел по дел, …
Continue Reading